SEO пристап преку пишување за публиката а не за пребарувачите

12.01.2021. / 12:20
Share
SEO пристап преку пишување за публиката а не за пребарувачите
SEO пристап преку пишување за публиката а не за пребарувачите
SEO пристап преку пишување за публиката а не за пребарувачите

Многу работи се смениле во светот на оптимизација за пребарувачите и присутни се толку многу совети за SEO. Меѓутоа, определени основни начела остануваат непроменети. На пример, да се цели врз клучни зборови со единствена намера за подобрување на органскиот поредок повеќе не функционира на пребарувачите, но изборот на вистинските клучни зборови и понатаму е важен дел од сложувалката. Клучните зборови откриваат многу повеќе за корисниците/чките.

Со толку SEO техники станало речиси невозможно да се определи до кои треба да се држите, а кои можете сигурно да ги занемарите.

Нел Пател наведува дека во последно време многу блогери/ки и други креатори на содржини ѝ се вратиле на старата метода на SEO каде клучните зборови наменети за покренување на резултатите на пребарувањето ги надминале вистинските квалитети на интересна, вредна содржина.

Ваквиот начин на размислување повеќе не е ефикасен и би требало да се промени.

sa

Нел Пател, исто така наведува дека многумина сé уште не ги користат клучните зборови со долга опашка, туку попрво се обидуваат да манипулираат со пребарувачите, што е според него погрешен пристап.

Клучните зборови со долга опашка се подолги и поспецифични клучни фрази кoи публиката најверојатно ќе ги користи и можат да бидат исклучително вредни ако знаете да ги користите. Управувањето со клучните зборови со долга опашка е едноставно работа на воспоставување на подобри комуникации помеѓу вашиот медиум и публиката која секако е присутна во онлајн сферата и е во потрага по содржина која ќе ја консумира.

Пребарувачите не би требало да го земаат приоритетот наспроти вистинските луѓе кои го читаат вашиот медиум. Поради тоа од исклучителна важност е да пишувате содржина за својата публика, за луѓето кои врз основа на тоа ќе останат подолго на вашите веб страници.

Нел Пател, во својот блог 10 најважни SEO совети кои треба да ги знаете, помеѓу останатото, наведува дека пишувањето за публиката, а не за пребарувачите е многу важно.

Да се заборави на Google и на другите пребарувачи при пишувањето е клучно и токму таквиот пристап создава содржина која некому ќе му користи. Оваа техника се нарекува SEO copwriting.

Пребарувачите ги следат корисниците/чките и ја земаат онаа содржина која нив ги интересира и која им е корисна. Кога корисниците/чките ќе ги ставите на првото место, со тоа пишувате содржина која ќе ја наградат и пребарувачите, а на тој начин ќе го подобрите и корисничкото искуство и ќе изградите доверба кај публиката.

Медиумската содржина треба да ги отсликува потребите на публиката, а токму ваквиот пристап придонесува за тоа. Користа е двострана. Публиката ја добива онаа содржина која ѝ е потребна, а медиумот добива читаност.

Ocijenite kvalitet članka