

Сѐ е ужасно.
Сценариото, настанот, тишината, минатото... Денес веќе не постои ниту една сообраќајна несреќа што не е ужасна.
Еднаш кликнав на наслов кој тврдеше дека се случила ужасна несреќа, само за да видам какво значење има зборот “ужасна.”

Ако се суди според вестите што ги прочитав, за многу медиуми на Балканот ужасно значи онака. Во оваа сообраќајна несреќа немало повредени, а материјалната штета била мала.
Многу медиуми сфатија дека предизвикувањето на гнев и на страв кај луѓето ја зголемува читаноста
Економијата на внимание нуди плодна почва за сеење на страв (анг. fearmongering).
Во 1970-тите, научникот Herbert Simon констатираше дека “во свет богат со информации, богатството со информации значи недостаток на нешто друго: недостаток на сето она што го трошат информациите. Што троши информацијата е прилично очигледно: таа го троши вниманието на нејзините приматели.”
Што нѐ води до термините "на преоптовареност со информации" и "економија на вниманието". Во економијата на вниманието, желбата на луѓето своето внимание да го насочат на определени информативни дразби создава вредност токму за тие дразби.
Затоа што тоа функционира.
Многу медиуми сфатија дека предизвикувањето на гнев и на страв кај луѓето ќе ја зголеми читаноста. Ова особено важи во ерата на социјалните медиуми каде што луѓето ја лајкуваат и ја споделуваат статијата што ги вознемирила, а често се случува ниту да не ја прочитале.
Моментално актуелен пример е она што во Америка го нарекуваат snowmageddon.
Во земјите со континентална клима среде зима паѓа снег. Ова е вест.
Да се разбереме, ова не е исклучиво практика на медиумите на Балканот. Ова можеме да го наречеме тренд што се повторува во медиумите низ целиот свет. Еден портал во Ирска објави вест во која се најавуваат снежни врнежи, гужви и проблеми во сообраќајот, затворање на училишта и, внимавајте сега, дури -4 степени. (Само за споредба, ќе наведеме дека според климатската класификација на Köppen, просечната температура во континенталните области изнесува од -12 до 7 степени)
Важно е дека е ужасно, не е важно колку е бесмислено. А бесмислено е поради објавите на социјалните мрежи кои луѓето восхитени ги споделуваат. Ова се слики од Ирска, за која одделни медиуми најавија “жолта опасност.”
Snowmageddon не е единствениот настан кој влева страв и паника кај читателите/ките. Своевремено темата за тероризмот беше исклучително моќно средство за втерување на страв во коските на сите оние што ги следеа медиумите.
Вознемиреноста поради неизвесноста беше присутна кај секој човек бидејќи не постоеше сигурност дека можете безбедно да отидете на патување и на концерт и да се вратите дома живи. Ова им беше јасно на читателите/ките на медиумите. Но, оваа несигурност не беше добра причина дополнително да се плашат луѓето. Сеедно, тоа беше практика.
Читањето на насловната страница на кој било поголем медиум сугерираше дека тероризмот е една од водечките причини за смрт ширум светот.
Сепак, убиствата што се поврзани со тероризмот се мал дел од вкупната стапка на убиства, особено во САД.
Nemil Dalal во неговиот текст “Како медиумите го поттикнуваат нашиот страв од тероризам” тврди дека постои длабока асиметрија во известувањето за терористичките напади во споредба со другите видови на убиства, како што е илустрирано со двегодишниот примерок на статии од насловните страници собрани од New York Times.

Графиконот ја прикажува реалната и “медиумската” состојба. Бројот на смртни случаи предизвикани од убиства во целиот свет изнесува 90%, а бројот на смртни случаи предизвикани од тероризам изнесува околу 10%. Судејќи според насловните страници на New York Times соодносот е 50:50.
Ширењето на страв е форма на манипулација со читателите/ките
Ширењето или предизвикувањето на страв е форма на манипулација што предизвикува страв со користење на прекумерни шпекулации за опасноста што доаѓа.
Според еволутивната психологија, луѓето обрнуваат внимание на опасноста поради свесноста за опасностите кои се важни за преживување низ нашата еволуција. Денес не се плашиме дека ќе не изеде волкот, но ефектот се засилува со културната еволуција. Медиумите го задоволуваат нашиот апетит за вести за опасностите: за глобални поплави, за силни земјотреси, за граѓански немири и за трет бран на Covid-19 (ова се најави само од минатата недела!)
Какви психолошки ефекти може да има ова?
Еден од ефектите е „синдромот на лош свет“. Луѓето го доживуваат светот како многу поопасен, што го кочи нивниот секојдневен живот и оптимизмот за иднината. Помалку видлив ефект што може да го има предизвикувањето на страв е ефектот на „собирање околу знамето“, кој најчесто се гледа во сѐ поголемата поддршка на актуелните политички лидери.
Овие принципи треба да влијаат на одлуките за ширењето на информациите и да бидат во центарот на современата новинарска практика
Danah Boyd е истражувачка партнерка во Microsoft Research, а овие идеи ги презентираше за време на симпозиумот во Њујорк. Со оглед на тоа што целосно го прифаќаме вмреженото општество, треба да разгледаме кои принципи треба да влијаат на одлуките за ширењето на информациите.
Овие три принципи треба да бидат во центарот на современата новинарска практика:
- Новинарите/ките секогаш бираат што ќе покријат, а што не. Создавајте информирано и здраво општество и сосредоточете се на приказните кои ѝ помагаат на јавноста подобро да го разбере светот во кој живееме.
- Избегнувајте го изобличувањето на информациите, стремете се кон нијанси и точност.
- Никогаш не заборавајте дека новинарството е јавно добро. Целата комуникација е управување со впечатоците. Користете јазик и пораки за да се борите против страшните впечатоци и за да го зголемите разбирањето на јавноста.
Општеството зависи од информациите, а овие информации можат да бидат поткопани и фрагментирани преку страв.
Boyd смета дека не постои ништо неутрално во практиката на известување, “Како што нашето општество е сѐ повеќе вмрежено, мораме да се придржуваме кон важноста на создавањето на здраво општество. Клучно е да не дозволиме стравот да ја преземе власта.”