Создавање на веб приказни со помош на вештачка интелигенција

14.06.2021. / 13:16

Вештачката интелигенција (Artificial Intelligence – AI) е брзо растечка индустрија и нејзината примена секој ден е сѐ повеќе видлива. Колку таа ќе биде значајна во полето на новинарството е сеуште неизвесно, но потенцијалот кој го има е широк и може да изврши големо влијание на начините на креирање на вестите и самото конзумирање на истите.

AI може многу да допринесе во новинарството. Истражувањето кое го направил Ројтерс Институтот, покажува дека издавачите ја гледаат AI како најголема можност за новинарството во следните неколку години.

Во истражувањето наведуваат дека медиумските организации сѐ повеќе се соочуваат со AI технологијата, која им овозможува пронаоѓање на нови приказни  и ја подобрува дистрибуцијата.

Newsroom AI за веб приказни

За вештачката интелигенција сигурно сѐ повеќе ќе известуваме во иднина, а денес ви ја претставуваме алатката Newsroom AI која користи вештачка интелигенција и со чија помош можете да креирате неверојатни приказни во вертикален формат.

Со сѐ поголемата популарност на Instagram, но и на Facebook и TikTok приказните во 9:16 формат, медиумите имаат потреба од пронаоѓање на што поефикасен начин за претставување на вестите за својата публика на овие социјални мрежи токму во вертикален формат .

Кои се функционалностите кои ги поседува Newsroom AI:

  • Freestyle функционалност за управување со било која бројка на форми, медиуми или текстуални слоеви со сцени.
  • Управување со елементите на брендовите и обрасците на едно место и создавање на тимови со различни улоги и дозволи.
  • Поврзување на домените на медиумите за да можете да ги објавите, да ги сочувате или да ги ревидирате приказните без никакви дополнителни преноси.
  • Веб приказните воведуваат нова, странична форма на огласите кои се движат динамички помеѓу вашите сцени.
  • Се интегрираат со било кој постоечки CMS, како што се WordPress или Joomla преку платформите RSS и API поврзувањето.
  • Библиотека со преку 300 милиони фотографии и видеозаписи.

Vice почнаа да ја користат оваа алатка и како што наведуваат сакале да ја запознаат својата публика со тоа што ќе ги вклучат во овој моќен формат на раскажување.

Направиле серија на тематски веб приказни со вертикален формат, од готвачки рецепти до приказни за менталното здравје.

Објаснувајќи како веб приказните помогнале во зачувувањето и ангажманот на публиката Sarah Singer, постар директор за иновации во Vice, вели:

Планираме да експериментираме со раскажувањето и да изградиме силни наративи во форматот, а потоа да им овозможиме на корисниците/чките и понатаму да бидат ангажирани преку VICE откако го доживеале ова искуство. На крајот на секоја веб приказна ставаме линк до други Vice содржини. Понекогаш тоа е статија, YouTube страница, страница за претплата на билтен, насловна страница... тоа зависи од тоа каде мислиме дека публиката би сакала да се вклучи понатаму по завршувањето на приказната.“

Едноставно можете да се логирате со користење на вашиот мејл. По логирањето пред вас ќе се појави интерфејс со пет категории

  • Креирај приказна
  • Мои приказни
  • Мои виџети
  • Извештаи
  • Поставки

Кога ќе кликнете на креирање на приказна, добивате голем број на готови обрасци кои кожете да ги користите за креирање на вашите приказни.

via GIPHY

Со клик на избраниот образец или на празен доколку самите сакате да ја креирате целата приказна од почеток, се отвара интерфејс во кој добивате различни можности за сложување на вашата приказна.

via GIPHY

Имате можност да ги менувате фонтот и големината на буквите, бојата, можете да земете снимки или фотографии од нивната библиотека или да уфрлите ваши. Алатката е едноставна за користење и за неколку минути можете да креирате извонредни приказни.

 

 

Newsroom AI доаѓа во различни верзии. Можете да го користите бесплатно, што секако ви советуваме или да одберете некоја од платените можности. Бидејќи е во прашање високо квалитетна апликација во комбинација со вештачка интелигенција, ќе биде потребно да издвоите доста средства за напредните опции.

Бесплатната верзија има доволно опции за да можете да креирате извонредни приказни. Со бесплатното користење можете да објавите свој домен, неограничено прикази на страницата, да креирате неограничен број на приказни, да додадете двајца членови на тимот, да имате увид во аналитиката на платформата, и различни можности за монетизација на платформата.

Доколку сепак ве интересираат повеќе опции, на овој линк можете да пронајдете повеќе информации за платените верзии.

Ocijenite kvalitet članka