Светски ден на слободата на медиумите 2021: Информациите како јавно добро

03.05.2021. / 11:29

Секоја година 3-ти мај е датум кога се слават основните принципи на слободата на печатот ширум светот, се проценува слободата на печатот ширум светот, се бранат медиумите и новинарите/ките од нападите врз нивната независност и се оддава почест на новинарите/ките кои ги изгубиле животите во вршењето на своите професионални должности.

Светскиот ден на слободата на медиумите (World Press Freedom Day – WPFD) влече корени од Конференцијата на УНЕСКО во Виндхоек, Намибија, одржана во 1991  година. Генералното собрание на УН во 1993 година го прогласила 3-ти мај за Светски ден на слободата на медиумите, врз основа на препораките кои биле усвоени на конференцијата на УНЕСКО во 1991 година.

Овој датум служи како повод за додатно информирање на граѓаните/ките за кршењето на медиумските слободи, за цензурата на која се изложени, за заканите, за малтретирањето, за нападите па дури и за убиствата на новинарите/ките ширум светот.

Овогодишната тема на Светскиот ден на слободата на медиумитеИнформациите како јавно доброслужи како повик да се потврди важноста на негувањето на информациите како јавно добро и за унапредување на транспарентноста. Времето на пандемијата додатно го нагласува фактот дека информациите кои ги пренесуваат медиумите се важни за јавното добро и темата е од итно значење за сите земји ширум светот. Оваа тема го препознава променливиот комуникациски систем кој влијае на нашето здравје, човечките права, демократијата и одржливиот развој.

УНЕСКО наведува дека овогодишното обележување на слободата на медиумите истакнува важна разлика помеѓу информациите и другите видови на комуникациски содржини како што се дезинформациите, говорот на омраза, забавата и податоците. Целта е да се привлече внимание на посебната улога на новинарството во создавањето на вести кои се проверени информации за јавниот интерес и од тоа како тоа зависи од поширокиот екосистем кој ги овозможува информациите како јавно добро.

WPFD за 2021 година сака да ги истакне следните три императиви за овој екосистем:

  • Чекори за осигурување на економската одржливост на медиумите;

  • Механизми за осигурување на транспарентноста на интернет компаниите; и

  • Зголемени капацитети за медиумска и информациска писменост кои им овозможуваат на луѓето да препознаат и вреднуваат, како и да го бранат и да го бараат новинарството како витален дел на информациите како јавно добро.

Светски индекс на слобода на медиумите 2021

Според извештајот на Светскиот индекс на слобода на медиумите , објавен на 20-ти април, ситуацијата во медиумите во текот на 2020 година во 180 земји во светот е оценета преку сериозни проблеми со медиумските слободи.

Извештајот ги распоредува државите во шест региони по рангирање според индексот на слобода на медиумите каде на прво место се наоѓа Норвешка со индекс 6,72 додека Еритреја со индекс 81,45 е на последното 180. место.

 

Земјите на Западниот Балкан се наоѓаат во портокаловата зона, што е оценето како лошасостојба на слободата на медиумите.

Хрватска напредуваше за три места и се наоѓа на 56. место со индекс 27,95. Босна и Херцеговина го задржа истото место како и една година порано, 58. со индекс 28,34. Србија е на 93. место, Црна Гора на 104., додека С.Македонија е на 90. место, што е скок од две полиња од минатиот извештај на Репортери без граници . Албанија е на 83. место со индекс 30,59, додека Косово се наоѓа на 78. место со индекс 30,32 и бележи пад од осум места по прашањето за слобода на медиумите.

Зголемени се нападите на новинарите/ките и апсења во Германија, Франција, Полска, Србија, Грција, Италија и Бугарија.

“Новинарството е најдобра вакцина против дезинформациите. Но за жал, неговото производство и дистрибуција пречесто го блокираат политички, економски, технолошки а понекогаш дури и културни фактори. Како одговор на вирусната природа на дезинформациите кои одат преку границите, на дигиталните платформи и на социјалните мрежи, новинарството е главен начин да се осигура дека јавната расправа се темели на разновидна низа на утврдени факти”, изјави генералниот секретар на Репортери без граници, Christophe Deloire.

Ocijenite kvalitet članka