Тагирање со помош на вештачка интелигенција: Што треба да знаете

06.10.2023. / 08:25
Автор/ка
seo tag artificial inteligence.png
seo tag artificial inteligence.png

Тагирањето со помош на вештачка интелигенција може да биде добро решение за сите проблеми што во медиумите ги предизвикува погрешниот начин на креирање, користење и некористење на тагови во вестите.

Човечкиот фактор при тагирањето предизвикува проблеми кои директно влијаат на бројот на посети и на приходите.

Затоа вештачката интелигенција е начин за да се забрзаат, да се подобрат и да се автоматизираат работите кои досега ги работеле исклучиво луѓе.

Кој подобро тагира: новинарите/ките или вештачката интелигенција?

На конференцијата JournalismAI на London School of Economics, Carl-Gustav Lindén, професор на Универзитетот во Берген, го презентираше својот труд.

Lindén го проучувал користењето на вештачката интелигенција во големите медиумски организации ширум Скандинавија и е фокусиран на метаподатоците, на тоа како новинарите/ките можат да ги користат таговите (ознаките), како и таговите и броевите како составни елементи на нешто поголемо.

Според неговите зборовиновинарите/ките погрешно ја разбираат вештачката интелигенција. На неа гледаат како нешто со роботи, Терминатор. Додека вештачката интелигенција е всушност извлекување на клучните зборови, модерирање на коментарите. Тоа се сите оние заморни процеси што новинарите/ките не сакаат да ги прават", рече тој.Новинарите/ките кои на сликите им додаваат ознаки е губење на ресурсите и на креативноста што ја имаат. Тие треба да можат да прават нешто што всушност создава вредност за луѓето, да ги прават најдобрите приказни досега."

Тагирањето со помош на вештачка интелигенција обезбедува поголема ефикасност и конзистентност во процесот на тагирање. Може да избегне некои грешки што се поврзани со рачното тагирање, како што се лошо разбирање, нерамномерна примена на таговите како и грешки или недоследности во користените тагови.

Имајте на ум дека ниту еден пристап кон означувањето нема да биде 100% точен цело време.

Тагирањето што го прави вештачката интелигенција нуди голем број на предности кога:

  • Имате голема количина на содржини
  • Потребна ви е брзина (особено кога брзината е поважна од точноста што е случај кај ударните вести)
  • Потребна ви е конзистентност во тагирањето на содржините од различни извори (со оглед на тоа што надзорот на рачното тагирање може да биде потежок за големи групи на луѓе)

Зошто да изберете тагирање со помош на вештачка интелигенција

Изборот на "вистинските" ознаки за статијата не е така едноставен како што изгледа.

Кога нема добро подготвена стратегија за тагирање (означување), тоа може да доведе до различни проблеми бидејќи применетите ознаки по случаен избор значително го отежнуваат мерењето во аналитиката, ефикасноста на SEO и сообраќајот на веб-страницата.

На статиите често им недостигаат важни тагови, а од друга страна имаат непотребни и неважни тагови. Дури и кога имате документирана стратегија за тагирање, сè уште може да има проблеми.  

Да се креира стратегија е една работа, а да се спроведе во пракса е нешто сосема друго.

Покрај проблемот со континуираната примена на стратегијата за тагирање во редакцијата, постои и човечки фактор кој не смееме да го занемариме. Geneea спроведе истражување кое откри дека новинарите/ките најчесто избираат целосно различни тагови (ознаки) за слични статии. Во истражувањето се наведува дека конзистентноста на новинарите/ките при тагирањето на исти статии е помала од 20 отсто.

Уште еден проблем е што различни новинари/ки користат синоними за истиот концепт или имаат различни идеи за тоа кои ознаки треба да бидат во статијата. Како резултат на тоа, некој може да го користи таготчовекови права”, додека друг користи “LGBT права”, некој ќе стави "Блискиот исток", додека друг користи "Палестина" и "Израел".

Сите овие недоследности доведуваат до проблемите што ги споменавме.

Вештачката интелигенција стана толку напредна што конечно дава можност од некои процеси да се исфрлат грешките што се предизвикани од човечки фактор.

Вештачката интелигенција е обучена за читање на текстовите на начин на кој ги читаат луѓето. Благодарение на функциите како што се означување и расчленување на дел од говорот, вештачката интелигенција ги разбира синтаксистичките структури не само на ниво на една реченица туку и помеѓу речениците. Тоа значи дека може да го декодира ентитетот (без разлика дали се работи за лице, организација или што било друго) што ја претставува главната тема на статијата.

Покрај тоа, може да им даде поголема тежина на ентитетите кои служат како субјекти, а не како објекти во текстот. На тој начин оди подалеку од едноставно броење колку пати некој или нешто се споменува во текстот.

Оваа класификација потоа може да се користи за да им се даде приоритет на определени ентитети пред другите во таговите, во зависност од саканата стратегија.

Стратегијата може да се разликува за различни типови на статии, па софтверот може да ги фаворизира луѓето и организациите во политичките статии, производите како што се автомобилите или мобилните телефони во техничките статии и општите концепти во научните статии.  

Вештачката интелигенција работи со текстот како човек, но нејзината предност е што, откако ќе ја добие стратегијата, ќе се држи до таа стратегија. Што значи дека секогаш ќе избира ист тип на тагови (ознаки) за ист тип на статии.

Предностите на автоматското тагирање со помош на вештачка интелигенција

Тагирањето со помош на вештачка интелигенција има голем број на предности:

Ефикасност

Алгоритмите на вештачката интелигенција можат да ја анализираат и да ја означуваат содржината со многу побрзо темпо од луѓето, што го прави временски поефикасно.

Конзистентност

Медиумите што се управувани од вештачка интелигенција можат да одржуваат конзистентна структура за тагирање, намалувајќи ја веројатноста од дупликати на таговите или тагови што недостигаат и обезбедуваат стандардизирана практика на голем број на статии.

Подобрена можност за пребарување и откривање

Таговите што се генерирани со вештачка интелигенција можат да ја подобрат функционалноста на пребарувањето, со што на корисниците ќе им го олеснат пронаоѓањето на релевантна содржина врз основа на нивните интереси или барања.

Анализа во реално време

Вештачката интелигенција може да ја анализира и да ја тагира содржината во реално време, а притоа системот за тагирање го одржува ажуриран и овозможува брза категоризација на новата содржина.

Контекстуална свест

Напредните AI алгоритми можат да ги разберат контекстот и семантиката, а тоа им овозможува поточни и подобро смислени тагови кои подобро ја претставуваат содржината.

Приспособливост

Автоматското тагирање со помош на вештачка интелигенција може да управува со големи количини на податоци, што го прави погоден за платформи што генерираат или уредуваат огромни количини на содржини. Порталите се токму вакви платформи бидејќи секојдневно објавуваат десетици вести. На годишно ниво тоа е огромна бројка во која е тешко да се одржи прецизноста во означувањето.

 

Вештачката интелигенција навистина донесе олеснување во автоматизацијата на задачите и ги минимизираше грешките на човечкиот фактор. Но, автоматското означување кое го движи вештачката интелигенција не е совршено и може повремено да генерира неважни или неточни ознаки. Постојаните подобрувања на алгоритамот на вештачката интелигенција и податоците кои на вештачката интелигенција и даваат обука, можат да помогнат во ублажувањето на ваквите проблеми, да ја зголемат точноста и доверливоста на системот за автоматско означување.

Оценете го квалитетот на статијата