Tiki-Toki: Од приказни до категории

22.02.2021. / 10:35

Tiki-Toki е веб софтвер за креирање на интерактивни временски мапи кои можат да се споделуваат на интернет.

Tiki-Toki може да се користи во кој било пребарувач, а основниот налог е бесплатен за регистрација, што ви овозможува да креирате целосно функционален временски след. Tiki-Toki дава интеграција со сликите и видео записите (од Youtube и Vimeo). Секоја хронологија што ќе ја направите со Tiki-Toki има свој единствен URL кој можете да го споделувате со вашата публика на веб или на социјалните мрежи.

peoe

Надградената верзија ви овозможува да ја вградите временската линија директно на вашата веб локација или блог.

Оваа алатка им овозможува на студентите/ките, новинарите/ките да креираат интерактивни временски редици за да ја конструираат и претстават својата приказна низ прецизни точки во времето. Исто така, помага лесно да се разбере содржината на визуелен начин.

Приватноста на Tiki-Toki и колку тој е добра алатка за новинарите/ките

Оваа алатка е мошне едноставна за употреба. Откако ќе се регистрирате на свој налог, можете едноставно да направите нова временска линија со пополнување на основните податоци, како што се наслов, вовед, датум на почетокот и датум на завршетокот. Тогаш на временската линија можете да додадете содржина, вклучувајќи текст, слики и видео записи.

Она што е одлично кога се во прашање новинарите/ките е тоа дека групата која го создала Tiki-Toki не прибира никакви информации директно од општите посетители на нивната веб страница.

Tiki-Toki станува одлична програма дури кога ќе почнете да работите со интерфејсот на временската линија. Сé што ќе се направи на временската линија се потпира врз табот Administrator. Со користењето на веб врските може да се поврзе и воведна слика (слика која го следи воведниот текст кога за прв пат ќе ја отворите временската линија). Освен тоа, можете да ја менувате и шемата на боите за окружувањето да ѝ одговара на позадинската слика.

Мааната која ја има Tiki-Toki е таа што секој пат кога ќе направите промена, Tiki-Toki ќе побара да го зачувате или вратите назад дејствието. Исто така во својата бесплатна верзија не нуди можност за вметнување на направените содржини на вашите страници туку само нуди можност за отворање на засебна страница. Секако ова можете лесно да се обидете да го решите така што самите ќе генерирате iframe, ако не самите тогаш со помош на една од многуте веб алатки кои ќе ве водат низ креирањето на кодот.

Што се однесува до креирањето на временските линии засновани врз интернетот, Tiki-Toki кој воедно е и бесплатен, се издвојува по острата естетика и вештата медиумска поддршка.

eq

Tiki-Toki настојува да ја урамнотежи елеганцијата со можностите, приспособувањето и леснотијата на употреба.

Правењето на временската линија е брзо, а пополнувањето на приказните со медиумите од SoundCloud, Vimeo, YouTube и Flickr е едноставно како копирање и лепење на врските.

Кога ќе ја завршите временската линија, можете да ја споделувате, отпечатите или зачувате.

Од друга страна ограничувањата кои се појавуваат во бесплатната верзија се добри само за новинарите/ките кои не ја користат така често ваквата форма на раскажување и потребна им е само еднаш бидејќи Tiki налогот дозволува креирање на само една временска линија.

Од приказни до категории

Некои новинарски приказни имаат комплексна структура со многу учесници/чки и настани кои треба да се појаснат. Тоа може да доведе до тоа дури и нивното претставување на временската линија да може да доведе до преголем број информации кои можат да го збунат читателот/ката. Tiki-Toki го решава овој проблем на два начини. Првиот е со таговите (клучни зборови), а вториот начин е со категории. Една временска линија може да има неброено тагови, но само една категорија. Со таговите на читателите им овозможувате да ја филтрираат содржината на временската линија за од поблиску да го погледнат едниот елемент од вашата приказна, а категоријата ви овозможува дури целосно да го измените изгледот на вашата временска линија. Поради ова можете да креирате само една категорија.

Иако Tiki-Toki е многу поедноставен за користење и нуди понапредна организација на содржината, доколку користите временски линии многу почесто во својата работа тогаш е подобро да го користите TimelineJS. Тој е покомплексен за користење и не нуди волку опции за визуелно обликување, но е сосема доволен да ѝ ја пренесе на публиката вашата приказна. Доколку пак имате потреба за поголем избор на напредно визуелно обликување и раскажувате комплексни истражувачки приказни тогаш ви препорачуваме да го испробате овој Tiki-Toki и да видите дали вреди за ваша натамошна инвестиција.

Ocijenite kvalitet članka