Tilegrams: алатка за креирање на интерактивни картограми

30.06.2021. / 08:32

Подрачјето на визуелизацијата на податоците непрекинато се менува со развивање на нови технологии и техники кои ги носи дигитализацијата.

Новинарите/ките се свесни за сложеноста на податоците кои мораат да бидат објаснети јасно и концизно за да ја раскажат комплетната приказна. Фактите вообичаено треба да се поткрепат со позадински информации за да се добие референтна рамка која има значење за публиката.

За да го направат тоа, новинарите мораат податоците да ги протолкуваат во нешто што луѓето можат да го разберат и со што би можеле да се поврзат. За да си помогнат себеси но и на публиката за што подобро да ги разберат сите податоци, новинарите/ките покрај зборовите се служат и со слики, графикони, анимации, мапи, картограми.

Картограмот е тематска мапа на збир на обележја, во која нивната географска величина се менува за да биде директно пропорционална на одбраната променлива на нивоата на односи, како што се времето на патување, бројот на жители или БДП.

Картограмот е искривена мапа. Наместо да ги одразува географските граници и простори, променет е за попрецизно да ги претставува податоците кои ги прикажува. Картограмските карти постојат од 1960 – тите години, често како алатка за академските географи. Во Велика Британија, Danny Dorling и Ben Hennig ги претвориле во уметничка форма која претставува повеќе различни видови на општествени податоци во форма на картограм, од растегнати карти до карти составени од шестоаголници.

Развојот на мапите кои се користат во новинарството е важен токму поради подоследниот приказ на тоа што е актуелно, како што се ситуациите кои често се менуваат, па интерактивните мапи, особено картограмите стануваат важна алатка за такво следење.

Постојат многу начини на кои може да се користат картограмите. Како што наведува Lena Greoger, истражувачка новинарка и програмерка во ProPublica, добар пример за користење на картограмите била статијата во Вашингтон Пост  која ги користела возачките дозволи за да ги илустрира новите барања при издавањето на дозволите.

Open source алатка за изработка на картограми

Двајцата Pitch Interactive дизајнери/ки, Adam Florin и Jessica Hamel, развиле алатка со чија помош новинарите/ките можат да прават свој сопствен картограмTilegrams.

Pitch Intertactive е студио за визуелизација на податоците кое се фокусира на изградбата на значајни искуства со податоците.

Алатката е дизајнирана за сериозни програмери/ки, но и за аматери/ки кои сакаат да направат сопствени мапи. Кодот е отворен и е дел од поддршката на Google News Lab. Ви овозможува изработка на статички и интерактивни мапи.

čpoiuztre

Tilegrams им овозможува на новинарите/ките и истражувачите/ките да изработат социјално праведни мапи со статистичка точност и со стил. Дизајниран е за изработка на определни видови на карти: плочкасти картограми, кои ја прикажуваат човечката демографија според големината на населението, а не според произволно географско пространство.

Алатката често е користена во новинарството во светот, а се појавила и во приказните кои ги објавиле Al-Jazeera English, Dallas Morning News, и многу други.

Алатката моментално има девет различни држави и региони, но бидејќи е со отворен код било кој може да додаде TopoJSON мапа која му е потребна за илустрација на овој начин. Во врска со тоа, поставените мапи на регионите и државите можат да бидат одлична инспирација за креирање на регион на Западен Балкан кој повеќекратно може да им биде корисен на медиумите за претставување на голем број на податоци кои се поврзани токму за овој регион.

Целата креирана содржина внатре во Tilegrams може да се преземе како TopoJSON податочен формат или како слика во SVG формат.

Tilegrams е само една од низата алатки и ресурси кои се дел од Google News Initiative. Останатите алатки ги вклучуваат Flourish, Data Gif Maker и Прирачник за дата новинарство.

Ocijenite kvalitet članka