Титлувајте ги вашите видеозаписи со Checksub софтверот

27.10.2022. / 08:34

Откако технологиите за машинско преведување станаа широко распространети, автоматските преведувачи на титлови станаа вообичаени на интернет. Врз основа на длабокото учење, овие софтверски програми ги анализираат фонетските и семантичките законитости за да дадат точни резултати.

Од покренувањето на новиот алгоритам на Google преведувачот во 2016 година, овие технологии постигнаа уште поголема точност во преведувањето на зборови, фрази и кратки реченици. Меѓутоа, ваквите алатки сѐ уште не нудат совршено точни преводи и главно највеќе се развиени за јазиците како што се англискиот, францускиот, шпанскиот. Особено се присутни проблеми кога се користат јазиците од нашите простори.

Иако софтверот за титлување и за преведување може да ви заштеди многу време, на нив сѐ уште им се потребни човечки корекции. Затоа секогаш имајте на ум дека треба да го проверите преведениот јазик доколку сакате тој да биде целосно точен.

Checksub софтвер

Checksub е француска компанија што е специјализирана за услуги за титлување од 2017 година а имаат развиено и автоматски уредувач на титлови за едноставно креирање на титлови за кој било видеозапис.

Checksub е генератор на титлови кој автоматски ги транскрибира и ги преведува вашите видеозаписи. Исто така, можете едноставно да ги уредувате, да ги синхронизирате и да ги приспособите вашите титлови со помош на паметниот и едноставен интерфејс.

Главните функции вклучуваат транскрипција на говор во текст, машинско преведување и интуитивни временски ознаки и алатка за режење.

Овој софтвер нуди преводи на 190 светски јазици, меѓу кои се наоѓаат и БХСЦГ-иот, македонскиот и албанскиот.

Титловите, се разбира, можете и рачно да ги внесувате, да додадете srt. датотека или едноставно да ја искористите опцијата за автоматско додавање на титлови на оној јазик што ви е потребен. Титловите дополнително можете и визуелно да ги уредувате со менување на фонтот, големината, бојата и анимацијата.

Автоматскиот превод можете да го добиете многу едноставно.

1. Пренос и инсталација

Новиот проект започнува со увоз на вашиот видеозапис на платформата. Потоа изберете ги титловите на јазиците што ги сакате. Сите податоци се шифрирани и безбедни.

2. Креирање на титловите

Веднаш штом ќе го потврдите вашиот проект, преводот ќе биде покренат, а на вашиот меил ќе стигне известување дека преводот е подготвен.

3. Титловите се подготвени

Кога ќе го добиете меилот дека титловите се завршени, можете да ги уредувате онлајн, да генерирате датотека со титлови (SRT, VTT, Docx, TXT,...) или директно да го извезувате новиот видеозапис со вградените титлови.

Откако ќе успеете да го наместите вашиот титл, изберете фонт, боја и позадина што најдобро ќе ѝ одговараат на вашата креација.

Како што наведуваат на платформата во FAQ секцијата, титловите обично се обработуваат од 12 до 48 часа за видеозапис што трае 10 минути. За странските титлови, откако ќе ги одобрите титловите, треба да додадете околу 2 дена за превод и за лекторирање. Се разбира, времето што е потребно за изработка на титловите зависи од времетраењето на вашиот проект. Ако имате поголем проект, можете да ги контактирате за проценка на времето за реализација. Иако овој процес е побавен, точноста на преводот и поголемата професионалност на резултатот е она што е загарантирано преку чекањето.

Регистрација и работење

Пред да започнете да го користите овој софтевр, ќе треба да се регистрирате на нивната страница. Ова можете да го направите и преку вашиот Google или Facebook налог или со внесување на вашата е-маил адреса и со додавање на нова лозинка.

На почетокот ќе ви бидат поставени неколку прашања за тоа со која професија се занимавате и за што ви се потребни титловите.

Откако ќе одговорите на овие прашања, автоматски ќе бидете насочени кон интерфејсот на Checksub софтверот.

checksub

Откако сте го додале вашиот видеозапис ќе ви се отвори прозорец со избор на јазикот на видеозаписот и саканиот јазик за титлување.

checksub

Кога ќе ги изберете јазиците и ќе кликнете на Next ќе треба да изберете еден од двата понудени методи за титлување:

1.     Генерирајте автоматско титлување

2.     Нарачајте професионално титлување

checksub

Кога ќе ја изберете опцијата за автоматско генерирање на титлови и ќе ја потврдите, вашиот процес на титлување ќе започне.

Кога ќе добиете на меил дека титловите ви се подготвени, тогаш можете да ја проверите точноста на вашиот превод и да ги додавате другите карактеристики како што се фонт, големина и боја.

via GIPHY

Цена

Checksub доаѓа во три пакети: бесплатен, Јуниор и Бизнис.

Бесплатниот пакет нуди до 5 минути титлување месечно, само еден превод по проект и еден проект месечно. Проектот може да биде складиран до 30 дена, а просторот за складирање е 2 GB. Во рамките на платформата може да работи само еден/а корисник/чка.

Во бесплатниот пакет можете да ја промените големината на вашиот видеозапис, да го режете и да го уредувате видеозаписот, да го приспособите стилот на титловите, а можете да извезувате видеозапис со воден жиг и со квалитет од 720 p.

Јуниор пакетот чини 8 долари месечно, а нуди 360 минути титлови годишно, до 1 превод по проект, неограничени проекти, 20 GB простор за складирање и еден/а корисник/чка.

Внатре во пакетот можете да ја промените големината на вашиот видеозапис, да го уредите вашиот видеозапис, како и да го приспособите вашиот стил на титлови. Без водениот жиг можете да го извезувате не само видеозаписот туку и одвоените .srt, .vtt датотеки. Квалитетот на извозот е до 4K, а исто така можете да ја конвертирате скриптата во титлови.

Бизнис пакетот е приспособен на секој/а корисник/чка, па затоа и цената се приспособува на вашите потреби. Во овој пакет можете да ја менувате големината на вашиот видеозапис, да го уредите видеозаписот, да го приспособите стилот на титловите и да ги прикачите вашите приспособени фонтови.

Можете да извезувате без водениот жиг, исто така можете да ги извезувате и одвоените .srt, .vtt датотеки. Видеозаписот е со квалитет до 4K.

Во Бизнис пакетот можете исто така да ја претворите скриптата во титлови и автоматски да преснимувате и да добиете посветена помош од експертите/ките за локалните јазици.

Ако сакате вашите проекти да ги титлуваат професионалци/ки, цената ќе се пресмета според должината на вашиот видеозапис и од бараните јазици. Кон оваа опција можете да пристапите на почетокот, кога одите на вчитување на вашиот видеозапис како и да ја изберете опцијата "Од професионалец" за да добиете проценка.

Иако фактот на чекање на преводот може да одврати многумина да го користат, ако однапред го планирате титлувањето и ако оставите време за работа, веруваме дека и ова чекање ќе се исплати на крајот.

Ocijenite kvalitet članka