Транспарентноста е новата објективност во новинарството

10.09.2021. / 09:09
Автор/ка
Share
fsgsf
fsgsf

Довербата во медиумите опаѓа секоја година, но тоа веќе и не е новост.

Спонзорирани содржини, лов на кликови, лажни вести, сензациите се алатки за опстанок на медиумскиот пазар, но тие доведоа до тоа публиката да не ги сфаќа сериозно ниту медиумите ниту содржината.

Според извештајот  на Фондацијата Knight за довербата во медиумите, транспарентноста е клучен фактор за враќање на довербата.

Како во златното доба на неименувани извори и анонимни сведоци да се врати довербата?

Објективноста некогаш и денес

Charlie Beckett, директор на Polis, истражувачкиот центар за новинарство на Лондонската школа за економија, кажал: "Постоеше долга традиција дека новинарството мора да се труди да ги раскажува приказните кои се темелат на факти, без лична пристрасност на писателот, но станува сѐ посубјективен не само начинот на кој се создава, туку и како се консумира содржината."

Интернетот и социјалните мрежи ги сменија навиките на публиката и начините како ги консумираат содржините од медиумите. Ја сменија и потребата за целосно објективна информација. Денес луѓето сами сакаат да донесат заклучок врз основа на фактите кои им ги презентира медиумот. Притоа стана исклучително важно да се прикажат сурови факти во кои нема обработка ниту цензура. Медиумите кои го сфатиле ова на време развиле добар однос со својата публика.

Mathew Ingram, постар писател во Fortune го коментирал тоа вака: "Сакам различни работи во различно време. Понекогаш барам објективност, но во некои случаи можеби сакам целосна субјективност, на пример кога барам информации од некого кој се наоѓа на местото на приказната."

Некогаш објективните медиуми оделе на лице место и известувале за настанот користејќи го златното правило на професијата 5W. Денес, тоа веќе не е доволно затоа што публиката очекува медиумите да им пренесат како се чувствуваат луѓето кои се погодени од определени настани.

Каде заглави

Научниците Andrew Schnackenberg и Edward Tomlinson предложиле транспарентноста во организациите да се состои од три дела:

  1. Откривање информациите се објавуваат правовремено
  2. Точност информациите се точни
  3. Разбирливост информациите во контекстот ѝ се разбирливи на целната публика.

За полесно да разбереме како оваа дефиниција за транспарентност им помага на медиумските организации, ќе наведеме пример за медиумско известување без корист од сите три елементи.

Поттикнати од откритието дека на страниците на годишникот на Вирџинија за 1984 година имало фотографија на човек со црно лице, USA Today објавил приказна за расизмот во годишниците на факултетот.

Новинарите за потребите на приказната прегледале преку 900 годишници од 120 факултети и сеучилишта кои биле објавени во последните неколку десетлетија. Приказната што ја напишале ја опишува распространетоста на расистички слики во годишниците на сеучилиштата.

USA Today исто така ја објавил приказната која стои зад приказната за расизмот, чија цел билада се биде што е можно потранспарентен за она што го пронајдовме“. Во дополнителната статија опишана е постапката за идентификација и анализа на фотографиите.

Во дополнителната приказна стои: „Пронајдовме сомнителни фотографии речиси секаде каде што погледнавме што претставуваше секојдневна, лежерна нетрпеливост на страниците кои го снимаа секојдневниот живот во кампусите. Многу фотографии немале натписи, што во некои случаи го отежнувало утврдувањето за што се работи. Можно е дека некои од нив биле дел од училишна претстава или имале други објаснувања. Но, ние својот извештај го изградивме врз основа на слики кои имаа мала или никаква двосмисленост.”

Дополнителната приказна е обид да се даде појаснување за главната приказна, помагајќи му на читателот да ја разбере мотивацијата и процесот на пишување на главната приказна.

Но дополнителната приказна не даде целосно појаснување.

Во годишниците нема слики од навредливи фотографии во нивниот поширок контекст. Слично на тоа, на дополнителната приказна ѝ недостига разоткривање, а не постои ниту обемна листа на 900–те годишници или на 120-те испитани училишта.

Изгледа дека примената на постапките кои ќе ја донесат транспарентноста во практика не е сосема јасна и не се користи на најдобар начин. Ова создава проблеми затоа што ја оптоварува публиката со дополнителни информации кои не се прецизни, а нивната цел не е најјасна.

Јасноста (примери во контекстот) и откривањето на податоците (листа на извори) можат да им овозможат на читателите независно да ги проверат податоците кои се наведуваат во приказната.

Кога недостасува недвосмислена транспарентност, публиката се доведува во ситуација за уште поголем сомнеж.

Авторитет, кредибилитет, доверба

Knight комисијата за доверба, медиуми и демократија  во неодамнешниот извештај даде 10 препораки за враќање на довербата во медиумите и во демоктратијата. Една од тие препораки е:

Вежбајте радикална транспарентност. Медиумите треба да развијат доброволни стандарди во индустријата за да го откријат начинот на кој ги собираат, известуваат за нив и ги шират вестите.”

На овој начин би се градел кредибилитетот и авторитетот на медиумот и на луѓето кои работат во тој медиум бидејќи, не само што се објективни и транспарентни, публиката има увид во тоа како и колку се и објективни и транспарентни и колку се залагаат за креирање на добри приказни кои јавноста треба да ги види.

Решение за лошата објективност е отворено да се покаже тешката вистина и да се престане со користење на разработени еуфемизми кои изгледаат непристрасно, без оглед дали тоа и се допаѓа на публиката или не.

Пример за ваква практика дала во својот текст Erin Merkel: “Наместо да кажеме дека 19-годишник бил убиен во престрелка во Бостон во која учествувала и полицијата, подобро е да се каже: Бостонската полиција пукала во 19-годишник.

Првиот е објективен, но нејасен и намерно лошо напишан за да се избегне прозивање на полицијата. Ова последното е точно и е вистина, дури и ако значи вознемирување на про – полициската публика.”

Новинарската транспарентност се однесува на прашањата за целосно разоткривање.

Потребно е да се обрне внимание на работите што можат да влијаат на работата на новинарите/ките, како што се:

  • пишување за спонзорот на проектот на некој медиум,
  • биографија на новинари/ки кои имаат определен ангажман во заедницата или семејни врски

Оваа идеја за разбирање од каде доаѓа новинарот беше тема на објавата на David Weinberger од 2009 година насловена како Транспарентноста е новата објективност. Тој напишал:

Она во што претходно верувавме затоа што мислевме дека авторот/ката е објективен/на, сега веруваме затоа што преку написите на авторот/ката можеме да ги видиме изворите и вредностите што довеле до тоа. Транспарентноста му дава информации на читателот со чија помош може да поништи некои несакани ефекти од секогаш присутните пристрасности. Транспарентноста не води до сигурноста на начин на кој била објективноста.”

Заклучок

Да претпоставиме дека никој ништо не кликнува. Објективност е нешто што го правите кога претпоставувате дека луѓето не кликаат на линковите или на референците кои сте ги навеле во својата приказна.” - кажал Mathew Ingram.

Транспарентност е да го покажете процесот и начинот како го правите тоа и да објавите што навистина ве поттикнало како човек, како професионалец и како организација (медиум) токму така да го правите тоа. 

 

Ocijenite kvalitet članka