Ви нудиме инспирација за креирање на мобилни раскажувачки приказни

16.08.2022. / 08:33

Визуелното раскажување е визуелен наратив што е раскажан или е презентиран со користење на визуелни медиуми. Визуелните приказни можат да се презентираат во различни визуелни формати, вклучувајќи видео илустрации, фотографии, податоци и било кој друг илустративен формат. Овие форми на визуелните медиуми често се надополнети со подобрена графика, со музика и со други форми на звук.

Визуелното раскажување им дава можност на медиумите да им ги презентираат приказните, пораките и информациите на нивната публика преку визуелни медиуми и да ги направат сложените приказни полесни за разбирање.

Главни формати за визуелно раскажување

Во дигиталното време, визуелното раскажување може да ви помогне да привлечете повеќе публика, да заработите повеќе пари онлајн и да создадете односи со посетителите/ките на вашата веб страница.

Според главниот продуцент на BBC Internet Research & Future Services, Tristan Ferne, постојат 12 различни формати на приказни што се користат во дигиталните вести.

1.     Кратко и вертикално видео

2.     Хоризонтални приказни; табови кои можат да се повлекуваат како на пример Snapchat Stories и неговите клонови

3.     Scrollytelling со долга форма

4.     Структурирани вести

5.     Блогови во живо; често се користи за големи настани

6.     Listicles; како на пример Buzzfeed

7.     Билтени и брифинзи; кои моментално се во тренд

8.     Временски линии

9.     Ботови и чет; од апликацијата Qz во стил на чет до многу обиди за доставување на вести во самите чет апликации

10.  Персонализирано; вообичаено се користи за филтрирање на изборот на приказните, а не на самите приказни

11.  Визуелизација на податоците; од графикони до интерактивност

12.  VR и AR

Примери на формати за мобилно раскажување на социјалните мрежи

Некои од овие формати одлично се вклопуваат и сѐ почесто се користат преку мобилното раскажување. Светот на мобилното медиумско раскажување сѐ повеќе се развива од ден на ден и новите формати и начините на пристап до публиката стануваат важен приоритет за секој медиум. Социјалните мрежи стануваат важна алатка за пренесување на таквите приказни до публиката.

Oд претходно наведените дванаесет формати, четири од нив најчесто се користат за раскажување преку мобилните уреди.

1.     Кратко видео, кратки документарни филмови, објаснувања

Пионерите AJ+ и NowThis, сега широко се користат во повеќето редакции. Се користат видео, фотографии и анимации или нивни комбинации. Најчесто со натписи и со титлови.

Ова се некои од таквите приказни кои можат да ви бидат инспирација:

-        Guardian-овите анимации и објаснувања

-        Визуелните истражувања на New York Times: пукањето во Тексас

-        BBC: Вашиот телефон е сега телефон на бегалец

-        BBC кратки приказни: Најголема благодарност до оној што ми го даде тоа

-        Документи на Washington Post: Жените што сакаат да го замолчат R. Kelly

2.     Приказни, AMP приказни, табови кои можат да се повлекуваат

Визуелизациите како што се табовите со наслови, со натписи и со текстуални натписи се многу атрактивен начин за раскажување. Се разви од алатката за раскажување во самите социјални платформи како што се Snapchat Stories и Instagram.

Ова се некои од примерите за такви приказни:

-        Погледнете ги Instagram приказните на Guardian, Washington Post, New York Times

-        BBC Swipey: суфражетки

-        Washington Post AMP приказни: Град уништен од немири

Ampstor е веб апликација без кодирање во која за неколку минути можете да создадете или да уредувате вакви интерактивни приказни.

3.     Долга форма "scrollytelling"

Линеарно, наративно визуелно раскажување кое главно се користи во играните приказни. Паралаксно поместување кое се користи за создавање на непречени транзиции меѓу различните делови од приказната. Популарна алатка која е развиена од австралиската дигитална алатка за раскажување Shorthand, која се користи на пример во BBC.

-        BBC World languages service: Модерни жени во земјата на Џингис-кан

-        New York Times: Како научив да изгледам убедливо

-        Washington Post: Шест тинејџери и раните што ги носат

4.     Визуелизација на податоците, визуелен есеј, визуелна приказна, приказна во мешани медиуми

Графикони, инфографики, интерактивна содржина или високо визуелно раскажана приказна која нема наративен елемент на главен текст, туку текстот и типографијата се дел од визуелните слики и се стопуваат со другите.

Примери за такви приказни се:

-        Guardian: Како на Cape Town му снемува вода

-        Washington Post: Како клучните сенатори ги променија нивните  ставови за да го укинат Obamacare

-        The Pudding: Музички граници

-        Веб интерфејсот на подкастот на Guardian Lab: Чудна птица

-        New York Times: Како избегаа Рохинга муслиманите

Овие примери за визуелно раскажување можат да ви служат како некои идеи за тоа како можете да ги презентирате податоците, информациите и приказните на визуелно привлечен начин. Презентирањето на пораките, на информациите и на податоците на начин на кој на вас и на вашата публика ви е лесно да го разберете и од кој носите заклучоци, секогаш ќе биде посилно од презентирањето на податоците на начин кој тешко може да се протолкува и да се разбере. Има толку многу приказни околу нас кои остануваат недоволно раскажани затоа што се само текстуално презентирани. Искористете ги сите овие податоци што ги нудат овие текстови и преточете ги во интересно мобилно раскажување кое ќе ви направи револуција на социјалните мрежи.

Ocijenite kvalitet članka