Видео форматите за социјалните мрежи клучни за задржување на публиката

01.09.2020. / 10:45

Милијарди луѓе секојдневно ги користат социјалните мрежи, а креаторите на медиумската содржина секојдневно објавуваат грст информации на социјалните мрежи. Социјалните мрежи можат толку многу да направат за медиумите, од просторот за дистрибуција на содржината, промоција на објавената содржина до доаѓањето до нова публика и растот на читаноста.

Фејсбук, како најкористена социјална мрежа има 2.7 милијарди активни корисници/чки врз месечна основа, а Инстаграм има една милијарда. Нели е  тоа доволен податок секој медиум сериозно да се позанимава со изградба на своите социјални профили, прилагодувајќи ги форматите на своите статии за публиката која ги користи овие мрежи за доаѓање до информации. Неодамнешното истражување на PEW Research центарот кажува дека луѓето најчесто ги користат социјалните мрежи како свој примарен извор на информации, особено на политичките. Тој факт би требало да биде важен за секој медиум.

Помина времето на класично креирање на статии, а публиката сѐ повеќе сака да ги добива информациите преку новите форми на мултимедијална содржина. Уште кон крајот на минатата година, предвидувајќи ги трендовите за 2020 година најмногу станало збор за порастот на видео содржини.

Секој месец, само во САД 85% од корисниците/чките на интернет гледаат видео содржина. До 2021 година, просечен корисник/чка на интернет секој ден ќе помине околу 100 минути гледајќи видео снимки, што е зголемување од 19% од 2019 година. Поставувајќи видео содржина на своите социјални мрежи, 93% од компаниите тврдат дека на тој начин дошле до нови корисници/чки, а 63% од различните бизниси тврдат дека најбрзо добиваат поврат на вложувањата преку користење на видеа на социјалните мрежи.

Меѓутоа, наспроти ваквите бројки многу медиуми сѐ уште недоволно ги искористуваат потенцијалите на социјалните мрежи.

Постојат многу типови видео содржини со кои секојдневно сме бомбардирани, но немаат сите ист учинок. Што е тоа што најмногу ќе ја заинтересира и ангажира публиката, а што денешните медиуми  би можеле да го искористат?

Медиумите секојдневно прават голем број интервјуа, но формите низ кои ги претставуваат се најчесто пишана форма или подолги видео интервјуа. Толку одлични истражувачки приказни не доаѓаат до голем број публика бидејќи се претставени преку подолги текстови кои денес ретко некој ги чита.

Креирањето на најави за видео интервјуа кои покасно ќе ги претставите во подолга форма може да биде клучно. Ирена Омазиќ неодамна за Balkansmedia пишувала токму за тоа како го користиме видеото за промоција на медиумската содржина, наведувајќи дека најавите се важен сегмент за привлекување на публиката таа да кликне врз вашиот портал. Запомнете дека имате околу осум секунди за да ја заинтересирате и да го привлечете вниманието на публиката. Според Microsoft, човековото внимание е пократко од она на златната рипка.

Сликите можат да бидат видео. Истражувачите на определена тема, новинарите/ките често немаат можност да снимат определени изјави или интервјуа. Туку севкупната работа врз истражувањето е сведена на голем број статии, текстови, дописи, фотографии. Искористете ги и направете видео приказна. Едноставно склопете ги фотографиите, додадете музика, уфрлете титлови или аудио говор и ќе добиете одличен видео прилог кој сигурно ќе биде прегледан на вашите социјални мрежи.

Во една минута можете да раскажете истражување долго неколку страници. Еден таков пример е видео презентацијата на едно од истражувањата кое го направила Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата – KRIK.

Инстаграм може да биде клучен за доаѓање до нова публика. Инстаграм е извонредна алатка за истражување на нови начини за давање информации на публиката која повеќе не сака да ги посетува порталите во потрага по вестите. А видеото на Инстаграм е одличен формат.

Големите светски медиуми тоа веќе одамна го сфатиле, па така The Guardian има 3,5 милиони следачи/ки, BBC News 14,5 милиони, NY Times 10 милиони.  Користејќи го IGTV и формите на видеа до пет минути овие медиуми секојдневно објавуваат кратки прилози со кои ќе ја заинтересираат публиката да појде на нивните портали и да чита понатаму.

Погледнете една од приказните која BBC ја претставил на Инстаграм во траење од 3,5 минути, а која, како и многу други кои се објавени, ангажира голем број публика, па така оваа приказна ја погледнале повеќе од половина милион луѓе, а публиката реагирала преку повеќе од 400 коментари.

За креирање на видео прилози за социјалните мрежи не морате да губите многу време. Денес постои голем број алатки кои можат да ви помогнат брзо а сепак професионално да ги креирате вашите видео прилози. За многуте алатки пишувавме на нашиот портал, а тука ви препорачуваме некои кои можете веќе денес да ги користите за да ги претставите вашите приказни: Canva, LumaFusion, Headliner, Veed.io.

Ocijenite kvalitet članka