Визуелизирајте ги податоците со незаменливата алатка DataWrapper

20.04.2022. / 09:07

Datawrapper е алатка која им овозможува на корисниците многу едноставно да креираат графикони и мапи. Првпат беше лансирана во 2012 година, кога новинарот Mirko Lorenz се здружи со девелоперот Gregor Aisch. Datawrapper е пристапна платформа што се употребува за визуелизација на податоците, што го олеснува процесот на трансформација на нумеричките податоци во визуелизации.

Datawrapper сега се смета за незаменлива алатка во редакциите ширум светот. Се употребува во многу редакции, како што е на пример оваа анализа на Guardian за претседателската кампања на Michael Bloomberg.

Таа заслуга ја доби поради три едноставни причини:

  • Помалку време е потребно за изработка на графикони,
  • Мапите и графиконите се целосно приспособливи,
  • Графиконите и мапите можат да бидат важни елементи на вестите

Презентирањето на податоците преку мапи и графикони е одлично и за да се разбере моменталната ситуација со војната во Украина, а некои од примерите што можете да ги погледнете се овие што се објавени во The Washington Post, The New York Times, Le Monde, Financial Times и во многу други.

За нешто повеќе од 3 години, посветениот тим на Datawrapper ја претвори својата посветеност на едноставноста во алатка која стана витална за презентирање на податоците.

Започнете да создавате сопствена визуелизација

Во продолжение ви го претставуваме процесот на креирање на интерактивни и статични визуелизации кои ќе бидат одлични за секаков вид на медиум.

Можете да креирате налог со кликнување на опцијата Login, а потоа на опцијата Create a new account. Изберете преку што сакате да креирате налог и внесете нова лозинка. После тоа веќе сте подготвени за користење на оваа алатка.

login

Откако ќе се најавите на Datawrapper, изберете ја визуелизацијата што сакате да ја изработите од горенаведените опции. Доколку барате определени видови на графикони, табели или мапи, опциите понатаму ќе ве насочат кон вистинскиот избор.

ew

Без оглед на тоа во каков формат се вашите податоци (XLS, CSV итн.), Datawrapper работи со различни формати. Едноставно копирајте-залепете или пренесете ја вашата табеларна пресметка во белата рамка за да го започнете процесот на визуелизација. Податоците за новиот графикон и за новата табела мора да се вчитаат на сличен начин.

ewew

Ако работите на мапа, изборот на типот на мапата е прв чекор кон визуелизацијата на податоците во оваа форма. Потоа можете да продолжите кон одредување на типот на мапата која ви е потребна врз основа на мапите на светот, континентите и земјите. Ова ќе ве пренасочи на слична страница за пренос на податоците.

maps

Проверете ги и опишете ги вашите податоци во табелата. Проверете дали вашите податоци се во правилниот ред и колона за да може Datawrapper да ги издвои броевите и да ги прикаже во визуелизацијата што ќе ја изберете. Можете да ги замените вашите податоци ако табелата не изгледа онака како што очекувавте со помош на опцијата " transpose". Со оглед на тоа што работите со податоци, секогаш проверете ги вашите податоци најмалку 3 пати пред да преминете на следниот чекор.

oifd

Откако сте ја исчистиле табелата и сте ги направиле претходните чекори,  време е да го изберете вашиот тип на визуелизација. Ако креирате графикон, ќе забележите голем број на опции кои ќе ви помогнат да ги визуелизирате вашите податоци на најпрецизен начин. Различните типови на графикони помагаат во презентирањето на податоците на начини што ги прават исклучително лесни за разбирање, а тоа е она што ѝ треба на вашата публика. Не го компликувајте презентирањето на податоците, затоа што никој нема да може да разбере што сакате да кажете преку визуелизацијата. Целта на визуелизациите е да се поедностави голема количина на податоци.

Вашите податоци можат визуелно да се истакнат на повеќе начини. Проверете ги и видете кој начин им одговара токму на вашите податоци.

 

adsas

Една одлична опција што можете да ја користите е „refine“. Со неа едноставно започнете со приспособување на податоците со приспособување на вашите оски во формат по ваш избор. Потоа додадете ги вашите налепници и соодветните бои.

Опишете ја вашата визуелизација. Последниот чекор додека не ја добиете конечната верзија на визуелизацијата на податоците е опишување на визуелизацијата. Картичката "забелешки" е местото каде што ќе одат сите описни елементи за вашиот графикон или мапа.  Ова е особено корисно ако во било кој момент по изработката на визуелите сакате да им пристапите на изворните податоци кои се користат со едноставно кликнување на "get data" на дното на вашата објавена визуелизација.

Текстуалните белешки ви помагаат да додавате клучни зборови на било кое место на графиконот или на мапата за да го подобрите разбирањето на вашата визуелна содржина во очите на читателите.

dsada

После тоа можете да ја објавите вашата визуелизација. Кликнете на малата сина рамка каде што пишува „publish“ под картичката дизајн која ќе ве насочи на последната страница на Datawrapper. Објавувањето на вашата визуелизација ќе ја сочува во вашите графикони и ќе ви даде врска за споделување што можете да ја вметнете во вашата статија.

asda

Дали DataWrapper може да се користи бесплатно?

DataWrapper може да се користи и бесплатно, а тоа вклучува објавување на неограничен број на визуелизации, но извозот е само во PNG формат и ја вклучува ознаката дека е Креирано со помош на Datawrapper". Професионалното решение со приспособено означување на белите ознаки, со SVG и PDF извоз чини 499 евра, што вклучува многу повеќе можности, а постои можност и за Enterprise план, кој е приспособен на вашите барања, но за цената ќе мора да контактирате со DataWrapper.

Визуелизацијата на податоците помага да се подобри вашата работа во новинарството и да го поедностави разбирањето на нумеричките податоци на интерактивни начини. Тие ѝ овозможуваат на вашата публика да ги разбере информациите на колку што е можно посоодветен, поедноставен и дефинитивно попривлечен начин и да помогнат за поголема информираност на читателите/ките.

Оценете го квалитетот на статијата