Wave.video: Видео уредувач, видео хостинг и пренос во живо

20.09.2022. / 08:43

Денес за секој/а новинар/ка е многу важно да биде во чекор со времето и со развојот на технологијата. Создавањето на дигитална содржина, најчесто во видео формат, денес е еден од најефикасните начини за промоција на производи или за доаѓање до публиката. Затоа секоја алатка што може да придонесе за полесно, попрофесионално но и побрзо креирање на видео содржини е од големо значење за новинарите/ките.

Ваквите алатки им овозможуваат на новинарите/ките креативни можности за презентирање на медиумската содржина, го штедат времето што се поминува во текот на монтирањето и отвораат голем број на можности за презентирање на содржината на различни платформи.

Во изминатиот период пишувавме за десетици различни алатки за изработка и за монтирање на видеозаписи и сите тие можат да им бидат корисни на новинарите/ките, во зависност од нивните потреби.

Денес ви презентираме уште една таква апликација, која секако може да им биде корисна на новинарите/ките.

Wave.video софтвер за креирање на видеозаписи

Wave.video е софтвер за хостинг и за уредување на видеозаписи во облак што нуди алатки за креирање, уредување и дистрибуција на видеозаписите преку платформите на социјалните медиуми, преку е-пошта и на други начини. Им овозможува на организациите спојување на повеќекратни исечоци, додавање на текст или на водени жигови, креирање на гифови или на анимирани налепници и сечење на видеозаписите со помош на функцијата за влечење и пуштање. Алатката ја поддржува и можноста за претворање на текстовите во видеозаписи и за дизајнирање на промотивна содржина за објави на Instagram, Stories, Facebook насловни страни и уште многу други работи. Исто така им овозможува на корисниците/чките снимање на гласовни пораки и додавање на титлови, наслови или говорни записи во видеозаписот.

Wave.video овозможува интеграција на платформите со различни апликации од трети страни, како што се Google Drive, HubSpot, YouTube, Facebook, Dropbox, Twitter. Софтверот исто така им помага на корисниците/чките да ги вметнат видеозаписите на веб-страниците или во објавите на блоговите а исто така им нуди календар на социјални содржини како препорака за идеи за нови објави.

Wave.video нуди голем избор на видеозаписи кои се подготвени за користење и се изработени во различни стилови за различни потреби и можат да ви бидат одлична инспирација за приспособување на вашите потреби. Готовите шаблони можете да ги користите токму такви какви што се или дополнително да ги менувате и да ги приспособувате како што ви одговара на вас.

Ако изработувате видеозаписи за вашата веб-страница и не сакате YouTube да ви го прекинува видеозаписот со реклами, можете да го избегнете ова така што ќе ги чувате видеозаписите на видео хостингот во облакот. Со хостингот на Wave.video, ќе ги имате сите ваши видеозаписи на едно место и ќе можете да ги вметнете на вашата веб-страница со помош на кодови. На тој начин вашите видеозаписи автоматски ќе се приспособат на било која големина на екранот и нема да влијаат на брзината на вчитување на веб-страницата.

Исто така, можете да го приспособите видео плеерот за совршено да му одговара на вашиот стил и на вашите цели. Можете да го обоите со помош на палетата на вашиот бренд и да ги смените контролерите за да бидете сигурни дека вашите гледачи ќе имаат најдобро искуство при гледањето.

Предноста на поседувањето на уредувач и на хостинг на една платформа ви овозможува да ги поправите вметнатите видеозаписи во секое време.

Почнување со работа во овој софтвер

Во само неколку чекори можете да го креирате вашиот налог на Wave.video софтверот. Тоа можете да го направите преку адресата на вашата е-пошта или преку Facebook профилот. Доколку веќе сте најавени на вашата е-пошта или на Facebook, со самото кликнување на една од тие две можности веќе сте креирале профил и сте влегле на почетниот екран.

Тука ќе ви биде понудена можност да креирате видезапис од почеток или да земете некој од готовите шаблони или пак да кликнете на креирање на видеозапис во живо.

Ние кликнавме на креирање на видеозапис од почеток и ова е првиот екран што го добивате пред вас.

wave

Дури и кога ќе кликнете за да изработите празен видеозапис, како што можете да видите од левата страна можете да изберете Templates и да вметнете некој од готовите шаблони.  

Исто така, можете да ги додадете вашите видеозаписи и да работите на нив. Како и во повеќето видео алатки и во оваа можете да додавате голем број на ефекти, различни фонтови, да ја менувате позадината, да додавате различни премини од видеозапис во видеозапис и да ги сечете на местата каде што ви е потребно.

avw

Откако ќе завршите сѐ, кликнете на Publish за да го објавите вашиот видеозапис.

Во бесплатната верзија, видеозаписот можете да го снимите со квалитет од 720p или директно да го објавите на Youtube, Facebook, Instagram, Twitter, Vimeo и на други мрежи.

Се разбира, во бесплатната верзија ќе го имате Wave.video водениот жиг, кој во платените верзии ќе можете да го смените со вашиот сопствен жиг.

Како изгледа вметнатиот пример на видеозапис, погледнете подолу.

Цена

Wave.video нуди месечна и годишна претплата која ви овозможува заштеда до 20%.

Ако сакате да ги истражите можностите на платформата на Wave.video, можете да започнете со бесплатната верзија. Таа ви овозможува изработка на видеозапис со должина од 15 секунди и проверка на целата низа на функции за уредување. Можете да пренесете до 5 видеозаписи на Wave.video и да ги вметнете на вашата веб-страница за да ги истражите можностите за хостинг.

Она што го нуди бесплатната верзија на Wave.video е:

  • Ограничување на уредувањето од 15 секунди

  • Неограничени изворни споделувања на социјалните мрежи

  • Wave.video плеер

  • Пристап до 2 милиони бесплатни видео исечоци и слики

  • 1 однапред поставен бренд

  • 5 бесплатни видео вметнувања

  • Ограничено автоматско титлување (5 минути во текот на еден месец)

Со Creator планот ќе можете да креирате 15-минутни видеозаписи и да ги преземате на вашите компјутери. Ќе имате можност да вметнете до 20 видеозаписи на вашата веб-страница и да направите видео плеерот да изгледа како да е ваш. Совршен е за мали и за средни медиумски организации бидејќи ви помага во креирањето на неограничен број на видео реклами, видеозаписи на социјалните мрежи, објаснувања или други видеозаписи со различни теми.

Ова се можностите на Creator планот:

  • Ограничување на уредувањето од 15 минути

  • Неограничени изворни споделувања на социјалните мрежи

  • Автоматско титлување

  • Приспособлив видео плеер

  • Преземање во mp4 формат

  • 5 милиони бесплатни видео исечоци и слики

  • Визуелен шаблон на вашиот бренд (лого или некој друг знак)

  • 20 бесплатни видео вметнувања

  • Wave.video бизнис план

Creator планот чини 24 долари месечно.

Третиот план што го нуди Wave.video е Бизнис планот.

Ќе можете да направите колку што сакате видеозаписи со кратка и долга форма. Ќе добиете пристап до преку 100 милиони бесплатни видео исечоци и слики и ќе можете да додадете приспособени фонтови. Исто така, со бизнис планот можете автоматски да им додадете титлови на сите ваши видеозаписи и да ги дизајнирате во различни стилови.

Ова се функциите што ги нуди:

  • Ограничување на уредувањето од 30 минути

  • 100 милиони видеозаписи и слики без надомест

  • 50 однапред поставени брендови

  • Неограничено автоматско титлување

  • Вчитување на сопствени фонтови

  • Неограничени изворни споделувања на социјалните мрежи

  • Преземање во mp4 формат

  • Whitelabel преглед

  • 200 бесплатни видео вметнувања

  • Приспособлив видео плеер

  • Видеозаписи заштитени со лозинка

Бизнис планот чини 48 долари месечно.

Автоматските титлувања се достапни во сите планови, вклучувајќи го и бесплатниот, но тие се ограничени со должината, па така во бесплатниот план ќе можете да користите 5 минути месечно за креирање на автоматско титлување. Важно е да се нагласи дека сѐ уште не постои можност за автоматско титлување на Босански, на Македонски или на Албански јазик. Меѓутоа, вие можете да го вметнете вашиот .srt документ со однапред подготвени титлови за вашиот видеозапис. Исто така, постои можност видеозаписот што е на Англиски, Шпански, Француски, Италијански, Руски, Турски и слично да го преведете на БХС, на Албански и на Македонски. Преводот е прилично добар, можеби ќе треба рачно да поправите неколку зборови, но сѐ на сѐ е прилично функционална опција.

Wave.video софтверот во моментов не постои како мобилна верзија, што секако може да биде ограничувачко за некои новинари/ки кои се навикнати да можат да пристапат до нивните видеозаписи на било кој уред.

Обидете се да го истражите бесплатниот пакет и видете дали е ова алатката која ќе им одговара на вашите потреби, па според тие потреби можете да одлучите дали ви е доволна бесплатната опција или ќе треба да платите за некој подобар пакет.

Ocijenite kvalitet članka