WeVideo: Онлајн видео уредувач за секого

23.05.2022. / 15:01

 

WeVideo е онлајн платформа за видео уредување, базирана на облак која работи во веб пребарувачите и на мобилните уреди (Android и iOS). WeVideo нуди услуги за видео уредување базирани на претплата и за комерцијалните и за образовните пазари.

Со помош на оваа онлајн платформа креирајте видео содржина како професионалци за многу кратко време. Апликацијата поддржува зелен екран, што ви обезбедува високо квалитетни можности за изработка на студиски прилози. Поддржува различни формати за креирање на видео, од формати за социјалните мрежи, за вашата веб страница како и за мобилните уреди.

WeVideo нуди неограничено користење на повеќе од милион различни медиуми, вклучувајќи видеозаписи, слики и музички записи. Нивната библиотека на залихи  Essentials комерцијално е лиценцирана, бесплатна е и е вклучена во деловните планови.

Правете видеозаписи на било кој уред, вклучувајќи ги Chromebook, Windows, Mac и мобилниот уред. Ви овозможува уредување во движење со мобилните апликации за Android и iOS уредите. Флексибилноста се базира на облак, што значи дека добивате неограничено складирање за вашите медиуми и нема да биде потребно да ја преземате содржината на вашиот телефон или лаптоп или да инсталирате софтвер.

Оваа платформа моментално има над 30 милиони корисници/чки, што само потврдува колку е корисна за различни професии, вклучувајќи го тука и новинарството.

Како и кај многу апликации од овој тип, немате веќе потреба поединечно да креирате формати за социјалните мрежи, со еден клик префрлете ја содржината од еден формат во друг и вашиот производ е подготвен за дистрибуција.

Најавете се со вашиот налог на Google или на Facebook

Апликацијата можете да ја испробате бесплатно, пред да се одлучите за некој од понудените пакети.

За да ја користите апликацијата, мора да се најавите преку вашиот Google или Facebook налог.

Откако ќе се најавите, ќе мора да одговорите на неколку прашања за што ќе ја користите нивната платформа.

Она што најмногу им се допаѓа на многу корисници кај WeVideo е интерфејсот кој е приспособен за почетници и контролната табла по која секој може лесно да се движи.

Со многу празен простор и само неколку картички на лентата на изборното мени на врвот, не остава простор за забуна. Сѐ што е потребно е еден клик или повлечете го и пуштете, за користење на било која функција.

WeVideo ви овозможува работење на видеозаписи со висока резолуција до 4K Ultra HD за да им обезбедите одлично искуство на вашите гледачи/ки.

Со оглед на тоа што WeVideo е онлајн услуга, можете да се најавите на вашиот налог од било кој уред или од било кое место. Вашата работа можете да ја започнете со Windows или со Mac системот а да ја завршите на паметниот телефон  или на таблетот.

 

WeVideo ја синхронизира целата ваша работа на различни уреди, а сѐ останува недопрено дури и ако користите повеќе машини за да го завршите проектот.

По завршување на уредувањето, вашата креација можете да ја споделите со сите на социјалните страници како што се Facebook, Instagram или YouTube директно од апликацијата.

Како да се работи во WeVideo

Кога ќе се логирате, ќе ве пречека ваков интерфејс.

sda

Можете да изберете од галеријата на шаблони нешто што веќе ви одговара со поставките за изработка на вашето видео или да одите на Create new и да почнете од почеток.

Кога ќе кликнете на Create new, ќе ви се отворат подкатегории Видео, Снимање, GIF, Подкаст.

Недостаток на бесплатната верзија е тоа што не можете да користите ништо од библиотеката бесплатно, но можете да вметнете ваш материјал доколку секако сте планирале да работите на вашите слики или видео.  

Сепак, можете да користите различна музика бесплатно, како и многу, навистина одлични транзиции и интро и аутро за видео содржина.

Работата е многу едноставна и сѐ што правите е многу прегледно. Било кој дел што ќе го вметнете, титлови, музика или нешто трето, можете подоцна да ги преместите доколку на работната лента не се на она место на кое сте мислеле да ги ставите.

Цена

Постојат повеќе различни планови што можете да ги користите.

Најевтин е Power планот и чини 4,99 УСД месечно кога плаќате годишно. Со овој план можете да објавувате 30 минути месечно, добивате 20 GB простор за складирање, 720p HD резолуција и шаблони.  

Unlimited планот чини 7,99 долари месечно, а покрај сето она што го вклучува Power планот, добивате неограничено време за објавување, неограничено складирање, 1080p+ HD резолуција.

Professional планот чини 19,99 долари месечно и дополнително вклучува неограничено користење на залихите, управување со трговската марка, премиум шаблони и 4K Ultra HD резолуција.

Business планот чини 36,99 УСД месечно и со него, покрај сѐ горенаведено, добивате тимска лиценца (3 места), алатки за соработка, управување со корисниците/чките, изработка на сопствени шаблони.

Иако професионалните и деловните планови го вклучуваат новиот WeVideo Essential пакет кој ви носи милиони мултимедиумски датотеки, овој луксуз не го добивате со Power или со Unlimited планот.

Ocijenite kvalitet članka