WhatsApp е најпопуларна апликација за комуникација, но колку таа е безбедна?

21.01.2021. / 08:51

Користењето на мобилните апликации за комуникација на новинарите/ките станало неизоставен дел од новинарската работа. Достапноста на нивното користење, олеснета комуникација помеѓу колегите/шките, како и доаѓање до извори на информации ги направиле овие апликации многу популарни меѓу новинарите/ките. Една од најискористените сигурно е WhatsApp.

Томас Додс од Институтот за културна антропологија и развојна социологија на Универзитетот Лајден во Холандија во 2019 година ја испитал целта и предноста на употребата на WhatsApp меѓу новинарите/ките во две редакции во Чиле применувајќи ја етнографската метода.

Резултатите покажале дека употребата на WhatsApp влијаела врз односот на новинарите/ките и изворите на информации на лично и професионално ниво. Користењето на WhatsApp ја поттикнало интимноста и взаемноста меѓу новинарите/ките, нивните колеги/шки и нивните извори.

 

Мобилните апликации за комуникација овозможиле полесен проток на информации кои новинарите/ките помеѓу себе можеле да ги прошират, иако и понатаму постојат предизвици на оваа апликација.

 

Користењето на Viber, Messenger, WhatsApp, Telegram, Signal станало составен дел од останувањето во контакт со луѓе, а пандемијата го нагласи тоа уште еднаш и го зголеми нивното користење.

Многумина активисти/ки за човековите права најчесто користат Signal, Telegram или WhatsApp, потпирајќи се врз нивната безбедна end-to-end комуникација. Ист е и случајот со новинарите/ките кои се обидуваат да ги одбегнат различните упади и следења на новинарите/ките.

Колку овие апликации всушност им служат на новинарите/ките и колку тие се безбедни?

„Новинарите/ките, како и многу други луѓе, сé повеќе се потпираат врз апликациите за размена на пораки за, на пример, да извршуваат разговори со претставниците на јавноста преку повици или пораки користејќи WhatsApp. Како на новинари/ки, оттаму нѝ е потребно дополнително ниво на дигитална безбедност во начините на кои комуницираме на тие платформи, за да се заштитиме себеси и своите извори.“ - кажал Хавиер Гарза, советникот за безбедност на Светскиот форум на уредници/чки.

Според најновите достапни статистики, од октомври 2020 година  WhatsApp е на првото место на скалата на глобалните мобилни апликации за комуницирање, со огромни 0,7 милијарди корисници/чки повеќе од Facebook Messenger. Тој е најпопуларна апликација за размена на пораки во југоисточна Азија, Јужна Америка, Австралија и Русија, а се смета за една од најпристапните апликации за поврзување на новинарите/ките со изворите на информации. Иако Viber и Facebook Messenger се повеќе распространети на територијата на Западен Балкан, ниту WhatsApp не е занемарен и често се користи.

oiuik

Вонг Шијинг од Singapore Press Holdings е една од многуте денешни новинарки кои и понатаму го користат WhatsApp за комуникација со изворите на информации.“ Сите имаат WhatsApp па е толку прикладен. Исто така тој е повеќе личен од мејловите што ми помага да изградам подобри односи со своите извори.“

Колку е безбеден WhatsApp?

Меѓутоа, сé почести се кршењата на безбедноста на оваа апликација ширум светот. Минатата година државните власти во Либан се инфилтрирале во чет групите на WhatsApp за да ги идентификуваат организаторите на протестите. WhatsApp кој е во сопственост на Facebook имал различни афери со споделување на податоците со властите, на што можевме да сведочиме пред неколку години.

WhatsApp е често на мета на хакерите, а земајќи предвид дека апликацијата исто така има пристап до вашите контакти и следи каде и колку долго ја користите, изложувајќи ги приватноста и личните податоци на ризик, ги става новинарите/ките на дополнително внимание.

Во почетокот на месецот WhatsApp, кој е во сопственост на Facebook, најави нови измени во својата политика на приватност  и користења кои би овозможиле споделување на податоците со Facebook. Оваа најава наишла на големи реакции, особено во прашањата за тоа кој вид податоци ќе се споделуваат. Новите правила и услови за давање на услугата на WhatsApp се поделени во три клучни точки: како апликацијата ги обработува корисничките податоци, како компаниите можат да ги користат услугите хостирани на Facebook од WhatsApp и како апликацијата соработува со Facebook за да понуди интеграција во сите Facebook производи.

Оваа одлука довела до големи последици, што многуте корисници/чки ги натерало да преминат на други мобилни апликации за комуникација. Така, на пример, Signal и Telegram забележале нагло зголемување на корисници/чки во последните неколку дена. Поради тоа WhatsApp одлучил да ја одложи оваа одлука до 15 мај.

„Слушнавме од многу луѓе колку мешаници постојат околу нашето неодамнешно ажурирање. Имало многу дезинформации кои предизвикуваат загриженост и сакаме да им помогнеме на сите да ги разберат нашите начела и факти“, наведуваат од WhatsApp во објавата за одложување на ажурирањето.

Без оглед на тоа дали ќе продолжите да го користите WhatsApp или како многумина кои веќе го направиле тоа ќе почнете да користите некоја друга апликација за да го заштитите својот телефон и личните податоци, Џејмс Е. Ли, главниот оперативен директор во Ресурсниот центар за кражба на идентитетот во САД, препорачува често ажурирање на апликациите и софтверот на паметниот телефон, максимизирање на поставките за приватност на апликацијата и никогаш да не споделувате ризична содржина. Од друга страна, WhatsApp вложува дополнителни напори и работи врз различни подобрувања на приватноста и транспарентноста, за што известувавме минатата година. Во текстот Основи на безбедноста за новинарите/ките можете да пронајдете кои се тоа мобилните апликации кои можете да ги користите и поради што се тие побезбедни.

Ocijenite kvalitet članka