Слободата на говорот е под закана во регионот на Западен Балкан

31.08.2023. / 11:24

Во саботата, на 26.08.2023 година стапија на сила измените на Кривичниот законик на РС, со кои во овој бх. ентитет се криминализира клеветата.

На овогодинешниот Годишен медиумски форум на USAID-BMAP Forward кој се одржа во Сараево од 10 до 11 мај, повеќе од 100 медиумски професионалци/ки од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија учествуваа во дискусиите и во презентациите со намера да размислуваат за иднината во време на дисрупција.

Една од најголемите дисрупции што се случуваат денес на просторот на Западен Балкан е загрозувањето на слободата на изразување. Ова е и причината зошто првиот панел на Форумот е посветен на заканите за слободата на изразување во регионот. На панелот учествуваа експертите/ките од регионот:

  • Весна Алабуриќ, адвокатка и експертка за медиумско право од адвокатската канцеларија Алабуриќ во Загреб,
  • Слободан Кремењак адвокат, експерт за медиумско право од адвокатската канцеларија Самарџиќ и Живковиќ, Белград
  • Фране Мароевиќ, претседател на International Press Institute од Виена и
  • Јована Кисин Загајац, адвокатка и експертка за медиумско право од адвокатската канцеларија Јована Кисин Загајац, Бања Лука.

Очекувани последици за медиумите во Република Српска

Јована Кисин Загајац уште на самиот почеток објасни какви последици можат да се очекуваат за новинарите/ките, за медиумите и за сите граѓани во Република Српска, но не само во овој ентитет туку и пошироко, како што тоа во разговорот со нас ни го објасни Весна Алабуриќ, која направи и независна анализа на предлозите на овие измени за програмата BMAP Forward на USAID.

Самата најава на ваквите казни создаде непријатно чувство кај сите оние што ја вршат новинарската професија. Криминализација на клеветета и криминализација на навредата како кривично дело. Покрај проблематиката што тие се криминализираат, тие се многу лошо поставени и дефинирани, односно тие воопшто не се дефинирани.

Кисин Загајац додаде дека затворските казни не се експлицитно пропишани во законот. Меѓутоа, толку високи се паричните (казни), а кој не го познава нашето процесно кривично право, знае дека тој што не може да ја плати паричната казна оди во затвор.“

На крајот, Кисин Загајац објасни што уште ни преостанува кога законот ќе биде усвоен.

Чие право е посилно?

Оној што има право слободно да се изразува или оној што има право на заштита на угледот и честа?

Весна Алабуриќ одговори на ова прашање со кратко објаснување на генезата на промените во одлучувањето на Европскиот суд за човекови права за прашањето за слободата на изразување во последните 20 години. Таа го опиша моментот на оваа промена кога Член 8 (Право на почитување на приватниот и на семејниот живот) и Член 10 (Слобода на изразување) од Европската конвенција за човековите права почнуваат со тоа декана хиерархиската скала на човековите права тие се на исто ниво.“ Меѓутоа, таа додаде дека оваа промена не е најважниот критериум и во продолжение објасни кој е третиот најважен и апсолутно најскапоцен критериум што треба да се земе во предвид и кога слободата на изразување мора да биде поприоритетна.

Опасноста од репресивните мерки во Србија

Состојбата на медиумските слободи и контролата на медиумите во регионот е најлоша во Србија, која е позиционирана на 91-то место на Светскиот индекс за слобода на медиумите. Особено во контекст на ситуацијата во која се наоѓаат независните медиуми.

Поради трагичниот настан што се случи во Србија на почетокот на мај, Слободан Кремењак уште на почетокот објасни некои медиуми постапиле неетички бркајќи кликови и дека таквата ситуација ќе доведе до уште поголеми репресивни мерки.

За жал, сите ги следевме медиумите тие неколку денови и тоа беше грозно. Отсуството на емпатија, лов на кликови од најлош можен вид во момент кога на тоа апсолутно не му е местото таму. Јас мислам дека нема професионален стандард што не беше нарушен во тие неколку денови. Нешто од редакциите од кои го очекуваме тоа и кои нѐ навикнале на нешто такво и за жал од некои други. Ова ќе мора да предизвика некаква реакција. Елементарно правило е или сам уреди си го дворот и твојата професија или ќе дојде некој од страна и ќе ти ги уреди. И ќе го направи тоа без многу разбирање за проблемите и за вистинските интереси на професијата. Дали ова ќе се случи брзо и во какви размери останува да се види.“

На прашањето зошто не се применува медиумскиот закон во Србија, кој важи за еден од подобрите закони, Кремењак одговори:

Законот постои, но тој нема големо значење.“

Кремењак вели дека причините за примената или непримената на одредени закони, без оглед на тоа колку се тие добри или лоши, во голема мера зависат од политичката волја.

Понатаму, преку ова прашање се надоврза на измените на Кривичниот законик во Република Српска во оваа година и што е главниот проблем со нив.

Во видеозаписот подолу можете да видите кои се сите тие закани за слободата на изразување во регионот како и одговорите на прашањата што ги поставуваше публиката.

Оценете го квалитетот на статијата