УСАИД BMAP Forward Годишен медиумски форум: Гледање напред во време на дисрупција 

17.05.2023. / 08:21

САРАЕВО,10-11 мај 2023 година – Повеќе од 100 медиумски професионалци/ки од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, се собраа на годишниот медиумски форум на УСАИД BMAP Forward 2023 во Сараево. Дводневниот настан се занимаваше со важни теми кои влијаат на независните медиуми во регионот, вклучувајќи ги заканите за слободата на говорот, новонастанатите трендови на медиумските и на рекламните пазари во регионот, новите деловни модели и еволуцијата на издаваштвото што го води публиката. Говорници/чки беа правни експерти/ки од регионот и претставници на проектот на УСАИД Media Viability Accelerator и Reporters Shield, SmartOcto, International Press Institute, I&F Group, FilmAid  и меѓународни донатори и инвеститори, вклучувајќи ги и Media Development Investment Fund (MDIF), Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GiZ), European Endowment for Democracy и National Endowment for Democracy.

Конференцијата ја отвори американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Michael J. Murphy. Во неговото уводно обраќање, американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина рече: „ Горди сме што ѝ даваме поддршка на Програмата за помош на медиумите на Балканот (BMAP) – а поради што сме сите овде денес – со што се зајакнува мрежата на независни медиуми во регионот. Оваа програма им помага на медиумите да ги подобрат нивните деловни модели и да ја професионализираат нивната работа, на пример така што им помага на печатените медиуми да преминат на онлајн платформи и да пристапат до најновата медиумска технологија. Нашата поддршка им помага да постигнат финансиска одржливост за да можат да останат независни, да ја зголемат нивната публика и да бидат во тек со медиумското окружување кое постојано се менува. Исто така, обезбедува и простор за соработка, вклучувајќи го и овој форум, овозможувајќи им на медиумите од целиот регион да работат заедно при соочувањето со различните предизвици кои се пред нив.” 

Повторувајќи ја американската поддршка за слободата на говорот, слободата на печатот и независните медиуми, американскиот амбасадор исто така изрази загриженост во врска со затворањето на просторот за независното новинарство во Босна и Херцеговина и во целиот регион, велејќи: „Би било разбирливо да се откажете, да одлучите дека ризиците кои се бараат од вас не се вредни за тоа. А сепак, вашата работа не може да биде поважна ниту позначајна за иднината на Босна и Херцеговина и за овој регион отколку што е сега.”

Учесниците/чките на конференцијата известија дека заканите за слободата на говорот се загрижувачки тренд, не само затоа што се зголемуваат, туку и поради критичката улога што ја играат слободните медиуми во ранливите општества. Тие се согласија и дека новите модели на монетизација, одржливоста на независните медиуми, родовата рамноправност и инклузијата, заштитата на новинарите/ките и солидарноста меѓу новинарите/ките како и донаторската соработка се важни теми што треба да останат во фокусот на медиумските заедници во регионот. 

Во рамките на овогодинешниот Media Forum, учесниците/чките исто така имаа можност да ја посетат изложбата Glass Room Misinformation Edition која ја креираше Tactical Tech, јавна интервенција која има за цел да ја демистифицира технологијата преку извонредни изложби кои провоцираат размислување и го поттикнуваат учењето. 

Ocjenite kvalitet članka