Ванда Кучера за малите медиуми и рекламната индустрија

24.08.2023. / 13:40

За време на овогодинешниот годишен медиумски форум на USAID BMAP FORWARD 2023, Ванда Кучера, експертка за маркетинг и за рекламирање, зборуваше за новите модели на монетизација на медиумите и рекламната индустрија. По тој повод разговаравме со неа за малите медиуми и за рекламната индустрија. Нѐ интересираше како рекламната индустрија може да им помогне на малите медиуми, колку квалитетот на медиумите игра улога во изборот на канали преку кои ќе ја дистрибуираат содржината за нивните клиенти? Разговаравме и за најдобриот начин за воспоставување на контакти помеѓу малите медиуми и маркетинг агенциите. Ја искористивме можноста за да разговараме и за тоа кои лекции досега рекламната индустрија ги научи од вештачката интелигенција, а кои можат да им бидат од корист на медиумите. Во продолжение погледнете го и слушнете го краткото интервју со Ванда Кучера.

Оценете го квалитетот на статијата