Нашите хероини: Ана Анастасовска

22.03.2022. / 08:56

Balkansmedia.org во текот на месец март ќе ги претстави и ќе прослави само неколку од милионите жени во медиумите кои секојдневно ги уриваат бариерите и го трасираат патот за младите генерации на новинарки и на медиумски работнички. Во соработка со илустраторката Лејла Ахмедспахиќ, една од илустраторките која работеше и на проектот #ŽeneBiH, ќе можете да видите 6 исклучителни илустрации за 6 неверојатни медиумски работнички на Балканот за да ве запознаеме со жените во медиумите и надвор од рамките на вашите држави и за да им дадеме надеж на младите генерации на медиумски работнички дека не се сами, дека имаат поддршка и дека имаат темели од кои можат да почнат.

Денес ја претставуваме нашата хероина Ана Анастасовска.

Ана Анастасовска е уредничка на онлајн изданието на Слободен Печат, најголемиот печатен и онлајн медиум во Северна Македонија. Ана во последните две години беше движечката сила во развојот на онлајн изданието на Слободен Печат. Одвреме-навреме го следи и креирањето на содржината, ги координира проектните активности и ги насочува нејзините помлади колеги и колешки. Со помош на Програмата за помош на медиумите на Балканот (BMAP) на УСАИД, Ана е движечка сила и интеграција на редакциите на Слободен Печат.

Таа вели дека оваа иницијатива и била најголем предизвик и најголема новост со која таа и нејзиниот тим се сретнале во текот на целата нивна новинарска кариера. “На почетокот беше многу тешко. Како да работите во две одвоени редакции. Од една страна имате група на луѓе во онлајн изданието, главно млади и неискусни новинари/ки, но кои се ентузијасти. Учевме нови работи и стекнувавме нови вештини благодарение на BMAP. Од друга страна, поискусните колеги/шки едноставно не можеа или не сакаа да ги разберат новите и предизвикувачки времиња во новинарството. Тие се заглавени во времето кога беше доволно да се работи само во печатениот медиум.”

Новото, модерно и мултимедијално онлајн издание на Слободен Печат беше покренато на 1 април 2019 година. Благодарение на промената на перцепцијата кај новинарите/ките, напорната работа и стекнувањето на нови вештини и знаења, онлајн изданието на Слободен Печат за само шест месеци се најде меѓу 10-те најпопуларни и најпосетени веб страници во земјата. Две години подоцна, Слободен Печат сѐ уште е меѓу водечките медиуми на пазарот во С.Македонија. А Ана со насмевка вели дека новинарите/ките сега сѐ повеќе усогласени со “новите времиња”. 

Таа е многу скромна личност, мајка е на две ќерки – едната од нив е државен првак во пливање. Ужива во возењето на велосипед до работа секој ден, кога е топло, ладно, дождливо, ветровито, едноставно затоа што ужива во тоа и затоа што тоа е нејзино време без вести, повици или итни работи.
Ана не ја започнала новинарската кариера од потреба, туку по нејзин избор. Дипломирала политички науки на најголемиот државен универзитет во С.Македонија, Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По дипломирањето, две години неуспешно барала работа во професијата.

“Мојата мајка ми помогна да започнам со новинарската кариера, затоа што и таа цел живот работеше во редакции. Се противеше на ова затоа што знаеше да каже дека новинарите/ките немаат слободно време и дека професијата целосно те троши, итн. Ама еве, јас сум сѐ уште тука и работам. И најверојатно ќе се пензионирам како новинарка и уредничка”, додава Ана.

Нејзиниот пат во новинарството не бил лесен. Почнала со работа во секторот за градските настани и кога се докажала, била промовирана да работи на покривање на политичките вести. Работела како уредничка од 2013 година. Сега, после осум години, таа му припаѓа на главно женскиот тим на уреднички во редкацијата на Слободен Печат. Меѓутоа, за разлика од другите балкански земји, С.Македонија на прстите од една рака може да ги изброи жените на менаџерски или на уреднички позиции во медиумскиот простор. 

“Тоа е прашање на менталитетот и не само во новинарството. Да ги погледнеме позициите на власт на локално и на централно ниво. Но, мислам дека неколку жени добиваат и уреднички позиции... полека, можеби, и само неколку... но гледаме и жени на уредничките позиции. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени во блиска иднина”, заклучува Ана.“ 

Ана секогаш учи. Кога ги подучува на новинарство младите луѓе – основи на пишување, наративно известување и мобилно новинарство, таа исто така учи од нив – за новите трендови, за социјалните медиуми, за технологиите кои влијаат на полето на новинарството и за новата публика.

ana anastasovska
Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić
Ocijenite kvalitet članka