Нашите хероини: Гордана Бјелетиќ

28.03.2022. / 08:18
Share
Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić
Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić
Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić

Balkansmedia.org во текот на месец март ќе претстави и ќе прослави само неколку од милионите жени во медиумите кои секојдневно ги уриваат бариерите и го трасираат патот за младите генерации на новинарки и на медиумски работнички. Во соработка со илустраторката Лејла Ахмедспахиќ, една од илустраторките која работеше и на проектот #ŽeneBiH, ќе можете да видите 6 исклучителни илустрации за 6 неверојатни медиумски работнички на Балканот за да ве запознаеме со жените во медиумите и надвор од рамките на вашите држави и за да им дадеме надеж на младите генерации на медиумски работнички дека не се сами, дека имаат поддршка и дека имаат темели од кои можат да почнат. 

Денес ви ја претставуваме Гордана Бјелетиќ, главна и одговорна уредничка на Južne Vesti.

Образованието и новинарската работа ме прошетаа на релацијата Пирот – Белград -Нови Сад – Ниш, што ми овозможи да ги запознаам луѓето за кои работам. Затоа, кога се фалам дека освен што течно зборувам српски и англиски, зборувам и пиротски, нишки, лесковачки, врањски, новосадски, белградски и бројни други дијалекти, пред сѐ мислам на тоа колку е важно за нашиот медиум без оглед на дијалектот, да зборуваме така што сите ќе не разберат и ќе ја препознаат нашата мисија. Ние сме тим што е решен да работи во интерес на јавноста и да ги потсетуваме претставниците на власта дека тоа е и нивна обврска.

Додека, како приправничка во пиротскиот неделник "Sloboda", искусните новинари ме носеа со нив кога следеа различни настани, тие известуваа а јас набљудував. Улогата на набљудувач не беше за мене, затоа што сакав да пишувам, па така се случи мојот прв објавен текст да биде коментар. 

Власта не е да владее, туку да ви биде слуга. Од денес, драги сограѓани, јас сум ваш слуга”, рече во неговото обраќање кон своите сограѓани до вчера поранешниот, а после два дена повторно избраниот претседател на општината Димитровград. Така почнуваше првиот објавен текст. 

Изјавата на локалниот политичар беше инспирација за коментарот, бидејќи ништо што видов на терен, кога станува збор за односот на претставниците на власта и на граѓаните, не беше во согласност со неа.

Сепак во новинарската работа помалку коментирав а повеќе известував. Се обидував внимателно да гледам, да стигнам секаде, добро да слушнам и да пренесам така што сите да можат да разберат. Без разлика дали сум во омилената улога на репортерка, презентерка на вести, дописничка, авторка на политички и други емисии и интервјуа или уредничка, една работа беше важна – дали тоа што го пренесуваме е точно, бидејќи нема поголема вредност за новинарот/ката од довербата на луѓето што не следат и што го читаат она за што известуваме. 

Мисијата на Južne Vesti не е да бидат ничии слуги, туку по секоја цена да градат доверба кај граѓаните, така што и покрај сите околности сѐ што ќе објават, во било која форма, ќе биде точно и важно токму за граѓаните. 

Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić
Autorica ilustracije Lejla Ahmedspahić
Ocijenite kvalitet članka