Нашите хероини: Јелена Васиќ

31.03.2022. / 09:09
Share
Jelena Vasić, Ilustracija Lejla Ahmedspahić
Jelena Vasić, Ilustracija Lejla Ahmedspahić
Jelena Vasić, Ilustracija Lejla Ahmedspahić

Balkansmedia.org во текот на месец март ќе ги претстави и ќе прослави само неколку од милионите жени во медиумите кои секојдневно ги уриваат бариерите и го трасираат патот за младите генерации на новинарки и на медиумски работнички. Во соработка со илустраторката Лејла Ахмедспахиќ, една од илустраторките која работеше и на проектот #ŽeneBiH, ќе можете да видите 6 исклучителни илустрации за 6 неверојатни медиумски работнички на Балканот за да ве запознаеме со жените во медиумите и надвор од рамките на вашите држави и за да им дадеме надеж на младите генерации на медиумски работнички дека не се сами, дека имаат поддршка и дека имаат темели од кои можат да почнат.

Денес ви ја претставуваме Јелена Васиќ.

Јелена Васиќ (31) е проект менаџерка во српскиот истражувачки портал KRIK. Таа претходно работела како истражувач за меѓународната истражувачка новинарска мрежа Organized Crime and Corruption Reporting Project - OCCRP. Од 2012 година до април 2015 година била член на новинарскиот тим на Центарот за истражувачко новинарство на Србија CINS. Дипломирала на Факултетот за политички науки во Белград, на отсекот Новинарство и комуникологија, а средно училиште завршила во нејзиниот роден град Љубовија.

Васиќ во април 2015 година, со група од пет други новинари/ки ја основаа Мрежата за истражување на криминалот и на корупцијата – KRIK, непрофитна организација основана заради подобрување на медиумската сцена во Србија. Тие ја препознаа потребата од таква медиумска организација која ќе им овозможи целосна слобода во работата и во одлучувањето, со оглед на тоа што повеќето постоечки медиуми или се контролирани однадвор или се недоволно активни. KRIK е сега најпопуларен независен истражувачки портал во Србија, посветен исклучиво на разоткривање на корупцијата и на организираниот криминал во највисоките структури на власта.

Како членка на истражувачкиот тим на KRIK, додека работеше и како новинарка и како менаџерка, Васиќ освои неколку државни и меѓународни награди. Таа сега го води проектниот тим на KRIK и тимот што е задолжен за собирање на финансиски средства и само повремено работи новинарски истражувањачисто од забава или за да им помогне на колегите/шките. Се покажа дека со тимот на млади и силни новинари/ки може дауправуваединствено поранешен/на новинар/ка кој/а ги разбира нивните проблеми и потреби.

Во првите шест години од работењето, тимот на KRIK објави повеќе од 80 истражувачки приказни за најсилните играчи воиграта” – за претседатели, министри, градоначалници и нарко босови. Во истиот период KRIK разви три единствени, наградувани онлајн бази на податоци: "База на имотот на политичарите", потоа "Црна книга," која прикажува податоци за убиствата кои се извршени на територијата на Србија и на Црна Гора и кои имаат карактеристики на мафијашки ликвидации и конечно, “Процени кој суди,база на податоци за српското правосудство. Новинарите/ките на KRIK, вклучувајќи ја и Васиќ, имаа привилегија да бидат единствени учесници/чки од Србија во добро познатите глобални истражувања Panama Papers, Paradise Papers и FinCEN Files. Во декември 2017 година, KRIK го покрена првиот портал за разоткривање на лажни вести во Србија,  RasKRIKavanje. Васиќ ги водеше сите овие проекти за KRIK, а ужива и во обуката на младите новинари/ки, како од земјата така и од регионот.

Тимот на KRIK продолжува со успешната работа и покрај бројните клеветнички кампањи против нив и други притисоци, а читателството на KRIK порасна на половина милион читатели месечно.

 

Jelena Vasić, Ilustracija Lejla Ahmedspahić
Ilustracija Lejla Ahmedspahić
Ocijenite kvalitet članka