Нашите хероини: Мирјана Милутиновиќ

18.03.2022. / 10:51

Balkansmedia.org во текот на месец март ќе ги претстави и ќе прослави само неколку од милионите жени во медиумите кои секојдневно ги уриваат бариерите и го трасираат патот за младите генерации на новинарки и на медиумски работнички. Во соработка со илустраторката Лејла Ахмедспахиќ, една од илустраторките која работеше и на проектот #ŽeneBiH, ќе можете да видите 6 исклучителни илустрации за 6 неверојатни медиумски работнички на Балканот за да ве запознаеме со жените во медиумите и надвор од рамките на вашите држави и за да им дадеме надеж на младите генерации на медиумски работнички дека не се сами, дека имаат поддршка и дека имаат темели од кои можат да почнат.

Денес ја претставуваме нашата хероина Мирјана Милутиновиќ, директорка на радиото Kontakt Plus од Косовска Митровица.

Мирјана Милутиновиќ е родена на 20. 12. 1973 година во Косовска Митровица, каде завршила основно и средно училиште.

Студирала на Филолошкиот факултет, на отсекот Книжевност и српски јазик на Универзитетот во Приштина. Кратко време работела и во образование.

Иако радиото како медиум ѝ било многу привлечно уште од најраната младост и тинејџерските денови, таа никогаш не се обидела да проба да го работи тоа, пред сѐ поради нејзината природа, која не се совпаѓа со стремежот за јавен настап, но и поради ограничените можности во понудата на медиумите во тоа време.

Сепак, со промената на животните околности и планови, по конфликтот во Косово во 1999 година, започнала со работа во медиумите.

Вечерната забавна програма, утринската програма, уредничка на утринската програма, новинарка на информативната редакција, главна и одговорна уредничка, така брзо се менувале обврските и работните места. Била дописничка на ANEM и на радиото B92.

Во ноември 2004 година е назначена за директорка на радиото Kontakt Plus од Косовска Митровица. За целосно да се посвети на менаџерската работа, односно со водење и управување на медиумот, таа се откажала од дописничката кариера.

Kontakt Plus радиото станува еден од најзначајните медиуми во Косово, пред сѐ поради професионалното известување и поради специфичните тематски програми и проекти што ги спроведува, а кои промовираат вистински индивидуални и општествени вредности и меѓукултурно поврзување, што е особено значајно за регионот од каде што известува.

Редакцијата на Kontakt Plus радиото од 2012 година го уредува и информативниот портал www.radiokontaktplus.org.

Таа поминала многу обуки и школи од областа на новинарството, маркетингот, менаџментот и управувањето со медиумите. Обуките биле организирани од USAID/IREX Косово, INTERNEWS Косово, Deutsche Welle, BBC, OEBS, ANEM, Министерството за култура на Република Србија, Medienhilfe итн.

Мирјана е и Претседател на KOSMA мрежата (мрежа на радио станици од Косово кои ја емитуваат програмата на српски јазик). Таа е мажена и мајка е на три деца.

 

Mirjana Milutinovic
Илустрација на Лејла Ахмедспахиќ


 

Ocijenite kvalitet članka