Вања Стокиќ: Колегите кои се свесни за нерамноправноста на половите навистина нé слушаат кога им зборуваме за тие работи

12.03.2021. / 09:20
Share
Foto: Mirjana Ribić
Foto: Mirjana Ribić
Foto: Mirjana Ribić

Истражувањето за влијанието на пандемијата врз новинарките во Босна и Херцеговина, кое го направило здружението БХ новинари, потврдило дека новинарките беа и сé уште се изложени на поголеми притисоци и низа проблеми кои дополнително ги зголемила пандемијата.

Повеќето интервјуирани новинарки ги истакнале зголемената анксиозност и стресот и промената на темите за кои известувале до тогаш. Повеќе од 77% од новинарките изјавиле дека менталната стабилност и менталното здравје им се нарушени во текот на кризната ситуација предизвикана со пандемијата, а 25% од нив изјавиле дека им е нарушено физичкото здравје.

Вања Стокиќ, уредничката и новинарка на онлајн медиумот Etrafika.net исто така потврдила дека во последните година дена доживеала повеќе напади и непријатни ситуации отколку порано. Со нејзе разговаравме за тоа како ја доживеала минатата година, и колку  ѝ било тешко да ги усогласи сите сфери на животот. Низ разговорот нé интересираше и дали таа чувствува нерамноправност помеѓу мажите и жените, особено во деловното окружување, и што мисли за фактот дека жените се тие кои најчесто во медиумите ги обработуваат темите врзани за нерамноправноста, дискриминацијата и малцинските групи.

Поголема изложеност на напади и непријатни ситуации

Balkansmedia: Прашањето за нерамноправна положба на жените и мажите во новинарството постоело и пред пандемијата. Сега, една година по почетокот на пандемијата, изгледа дека таа положба уште повеќе се влошила. Како вие, како новинарка, ја доживеавте претходната година?

Вања Стокиќ: Јас само ќе кажам дека луѓето просто подивеале. Не знам дали е тоа поради пандемијата, но мислам дека таа имала големо влијание. Доживеав многу повеќе напади и непријатни ситуации отколку порано. Од друга страна повеќето беа мажи, уверени во својата родова надмоќ. Работев многу повеќе отколку порано, во вонредни и тешки услови, што довело до огромна количина на стрес и неколку пукања. Дополнителниот стрес го предизвикало тоа што сум принудена покрај новинарскиот дел да се занимавам и со менаџерскиот. Мојата работа е да обезбедам пари за функционирање на редакцијата, што во текот на минатата година ми било потешко од кога и да било порано. Таа свест дека моите пропусти и неможноста за пронаоѓање на средства можат да го затворат мојот медиум, само ми создаваше дополнителен притисок. Тој често ја блокираше мојата новинарска работа бидејќи не бев способна да ѝ се посветам, дури и кога имав време.

Граници помеѓу работата и одморот дома

Balkansmedia: Знаеме дека живееме во патријархален систем на вредности, каде жените неретко се ставени во неповолна положба и носат повеќекратен товар. Тие се грижат и за домот, за семејството, но и за работата. Колку било тешко за вас во претходната година да ги усогласите сите овие обврски, особено доколку сте биле приморани да работите од дома?

Вања Стокиќ: Многу тешко. Инаку не го сакам работењето од дома бидејќи доста работи ми одвлекуваат внимание. Само што ќе почнам да правам текст, ќе ми текне дека треба да ги раширам алиштата, да го исечкам зеленчукот за чорба, да ги нахранам мачките... Не сум мажена и немам деца, така што не можам ни да замислам како им е на колешките кои имаат семејство. Во текот на карантинот и двомесечната работа од дома неколку пати бегав во редакцијата за да успеам да ја извлечам ситуацијата што се однесува до продуктивноста. Ја имам таа среќа да живеам со момче кое презема врз себе дел од домашните работи и не чека јас да го замолам да го стори тоа. Сепак, кога работам од дома не можам во целост да ѝ се посветам на работата бидејќи константно балансирам помеѓу деловниот и приватниот простор и време, едноставно не успевам да ги разграничам. Така доаѓам во ситуација всушност да работам од изутрина до касно навечер. Има тука повеќе паузи за приватните обврски, но сеедно го имате тој притисок дека подоцна морате повторно да ѝ се посветите на работата. Мене всушност најтешкиот период ми настанал кога се вратив во редакцијата бидејќи ме дочекала целата работа која е ставена на чекање. Во текот на карантинот доста работи не можеа да се направат а со попуштањето на мерките сето тоа дошло на ред. Уследил периодот на работење во канцеларија во текот на 7-8 часа, а потоа преминување дома за да продолжам да работам. Едноставно одев од работа на работа. Пред месец дена пресеков и одлучив да работам исклучиво од редакцијата, а да не ја носам работата дома. Сепак, веќе го прекршив тоа правило.

Кога новинарите се занимаваат со известување за маргинализираните групи повеќе се освестени и за нееднаквоста на половите

Balkansmedia: Колку според вас постои свеста меѓу вашите колеги за фактот дека новинарките се нерамноправни, и ако мислите дека постои, зошто е тоа така?

Вања Стокиќ: Многу малку. Дел од нив е многу свесен и дури реагираат кога ќе забележат нефер постапување, но поголемиот дел едноставно не можат тоа да го перципираат. Можно е дека никој не им го свртел вниманието врз нерамноправно постапување кога тоа се случува, за да можат така и да го доживеат. Да речеме, јас сум често на терен со еден колега. Тој е снимател, јас сум новинарка. Без оглед на тоа што јас го водам разговорот и јас им ги поставувам прашањата на соговорниците, тие му одговараат нему. Значи, јас му се обраќам на лицето и го прашувам нешто, а тој гледа во колегата и му одговара нему. Тоа се случило неколку пати. Иако е тој многу свесен за положбата во која се наоѓаат новинарките и реагира на доста работи, тој детал го испуштил. Го забележал дури кога му кажав дека тоа се случува. Колегите кои се свесни за ситуацијата навистина нé слушаат кога им зборуваме за тие работи.  Тие не разговараат со нас „со половина мозок“ туку навистина се вклучуваат во разговорот и го разбираат тоа што им го зборуваме. Наголемо помага тоа што веќе се занимаваат со слични теми во новинарството, да речеме со положбата на различни маргинализирани групи, па и професионално се едуцирани како да ги препознаат тие ситуации.

Balkansmedia: Како гледате на фактот дека повеќе новинарки известуваат за нерамноправната положба на жените, односно дека новинарите не сакаат да се занимаваат со темите за нерамноправноста на половите??

Вања Стокиќ: Би известувале доколку ситуацијата би била обратна и доколку би се однесувала на нив. Некако повеќето од приказните за нерамноправноста на половите се завршуваат со етикетирање на жените како радикални феминистки, што нашето општество за жал многу негативно го перципира. Ретко кој известува за луѓето врз кои е надмоќен на кој било начин. Исто така, дел од новинарите за жал не известуваат за нападите врз своите колеги, туку ги оправдуваат на овој или на оној начин. За нападите зборуваат дури кога ќе им се случат на нив лично.

Ocijenite kvalitet članka