Клеветата е, најкратко кажано, јавно изнесување на лажна изјава за некоја личност што го нарушува угледот на таа личност.
Голем број на тужби што се водат за клевета се насочени против пишувањето на медиумите.
Пред Народното собрание на Република Српска оваа недела на дневен ред ќе се најде Предлог-закон со кој се планира да се криминализира клеветата доколку тој биде усвоен. Со неговото усвојување законски ќе биде дополнително ограничена слободата на изразување во Република Српска, но и пошироко.
„Од нацртот на актуелните Закони во Република Српска, недвосмислено произлегува дека власта сака да ги дисциплинира новинарите/ките и медиумите. Така што тие законодавни решенија никако не можат да се сметаат за некакво продолжение на демократската практика која настана пред некои 20-ина години кога беше декриминализирана клеветата.
Постоечката регулатива претставува реална и сериозна закана за слободата на медиумите во РС, но и во БиХ и пошироко, поради примената на Кривичниот законик надвор од Ентитетот, и моја основна забелешка на тие законски решенија е што предлагачот не го почитува критериумот за јавен интерес, а токму тој е критериумот кој во вршењето на новинарската работа треба да биде одлучувачки, примарен за ослободување на медиумите и на новинарите/ките од одговорност за содржината што тие ја објавуваат.“ – наведува експертката за медиумско право, Весна Алабуриќ.
Факт е дека овој закон не се однесува само за медиумите и за новинарите/ките, туку и за сите граѓани, не само во РС туку и пошироко. Затоа секој граѓанин треба да биде свесен дека доколку ја критикува власта во РС може да биде кривично гонет. Овој закон претставува опасност за сите.
Во продолжение слушнете ја Весна Алабуриќ, која на годишниот BMAP Forward Медиумски форум зборуваше токму за потенцијалното усвојување на овој закон и за проблемите што ќе ги донесе ограничувањето на слободното изразување.
Подетално за содржината и за значењето на ставките од Предлог-законот пишуваше за Media.ba, Дејан Лучка, правник и директор на Центарот за човекови права во Бања Лука.