Animoto: Креирајте раскажувачки приказни во видео формат

07.02.2022. / 08:41

Новинарската индустрија веќе одамна е во период во кој улогата на дизајнот и на визуелното раскажување е поважна од било кога.

Денес приказните се создаваат како линеарен наратив со видео, инфографика и други визуелни елементи кои создаваат опипливо искуство за публиката. На овој начин ја внесуваме публиката во сржта на приказната.

Денес постојат различни формати преку кои медиумите ја раскажуваат приказната. Раскажувачките приказни станаа многу важни токму поради тоа што ѝ нудат уникатно искуство на публиката.

Денешната публика бара и многу ги цени новите начини на раскажување. Поради тоа, достапните дигитални алатки и новите формати на раскажување се многу важни за новинарите/ките, за да можат што подобро да ги приближат темите на нивната публика.

Како што пишува колешката Irena Omazić во својот текст за дигиталните вештини на новинарите/китеалатките што можат да ја направат приказната интерактивна, визуелна и звучна, овозможуваат целосно ново доживување на новинарството и на медиумската содржина“.

Новинарката Evliana Berani на нашиот минатогодишен USAID BMAP Media Forum зборуваше токму на темата раскажување и мултимедијална презентација на содржината, каде што истакна декаразличните формати во мултимедијалната презентација, особено на социјалните мрежи, имаат пресудна улога во презентацијата на медиумските содржини денес.“ Исто така таа наведе дека новинарите/ките како раскажувачи/ки треба да бидат креативни, визуелно да размислуваат, да ја информираат и да ја насочуваат публиката. „Технологијата и социјалните медиуми можат да го подобрат нашето раскажување.„ – заклучи таа во нејзината презентација.

Алатките кои постојат денес, а кои се креирани токму со цел да се олесни процесот на раскажување, ја отвораат можноста за креативно раскажување на секој новинар. Ваквите алатки нудат едноставни елементи, готови шаблони кои секоја добро подготвена раскажувачка приказна ќе ја направат дополнително атрактивна во видео форма.

Затоа денес ви претставуваме една онлајн алатка која може да ви помогне визуелно, преку видео форма, да ги презентитрате вашите раскажувачки приказни.

Што е Animoto?

Animoto е онлајн платформа за креирање на видеа базирана на облак. Може да се употреби за создавање на видеа и од фотографии. Клучно е тоа дека не морате да се грижите за форматите на различните датотеки затоа што Animoto го прави префрлувањето од еден во друг формат за вас.

Animoto е супер едноставен за користење. Платформата вклучува шаблони за да биде уште поедноставна за вашето креативно изразување.

Со оглед на тоа дека видеозаписот е создаден на мрежата, споделувањето е едноставно како копирање на врска. Ова значи дека видеото може да се направи на многу уреди (компјутер, таблет, мобилен телефон), за разлика од традиционалните алатки за уредување на видео кои бараат голема процесорска моќ на делот на уредот што се користи.

ewe

Како функционира

Animoto е интуитивна алатка за создавање на видеозаписи благодарение на неговите шаблони, на интерактивноста и на големиот број на достапни медиуми. Одличен е за презентирање на видео содржина на вашите социјални мрежи, а многумина го користат и за Youtube каналите.

Како и кај другите слични алатки, доколку користите ваш материјал (видео и фотографии) едноставно префрлете ги во Animoto. Откако ќе ги префрлите на оваа платформа, можете да кликнете на нив или да ги повлечете и да ги ставите на местото каде што сте замислиле да ви биде видеото.

sa

Можете да користите голем број на многу креативни шаблони кои ќе направат вашите видеа да изгледаат професионално.  

Во бесплатниот материјал што можете да го користите се наоѓаат и видеозаписи, фотографии како и различни фонтови за да го создадете и да го дизајнирате готовиот производ што ви е потребен. Поседува библиотека со повеќе од милион слики и видеозаписи. Исто така достапни се и повеќе од 3000 комерцијално лиценцирани музички записи, што го олеснува процесот на додавање на музика во вашите видеозаписи.

Можете да користите и паметен телефон, без разлика дали е Android или iPhone, за директно да работите на видеото.

Можноста за поставување на видеозаписите на други платформи, како што е блогот, многу е едноставно затоа што можете да ја користите само URL адресата, во суштина на ист начин како што функционира YouTube. Копирајте ја и залепете ја, а видеото директно ќе се постави и ќе се репродуцира на блогот како да е дел од страницата. Исто така можете да додадете и копче за повик на акција на крајот на видеозаписот, што е корисно ако сакате публиката да ја следи врската за повеќе детали.

Која е цената?

Како и повеќето слични алатки Animoto нуди бесплатна и платена верзија. Основната верзија е бесплатна, но при објавувањето на видеото ќе го имате жигот на Animoto. Бесплатната верзија исто така вклучува објавување на видеото во 720p, 350+ музички записи, 12 шаблони, три фонтови и 30 примероци на бои.

Платените верзии доаѓаат на три нивоа: основно, професионално и професионално+.

Основниот платен план чини 8 долари, професионалниот чини 15 долари, а професионалниот+ чини 39 долари месечно.

На нивната страница ќе пронајдете и различни туторијали кои можат да ви помогнат на што е можно покреативен начин да ги создадете вашите идни видеозаписи.

И оваа алатка сигурно ќе биде одлична можност за секој/а новинар/ка да започне да ја презентира својата содржина и визуелно, а раскажувањето преку видео форма да стане секојдневие во вашите медиуми.

Ocijenite kvalitet članka