Десет платформи за управување и оптимизирање на објавите на социјалните мрежи

21.05.2024. / 08:55

Објавувањето на неколку социјални мрежи повеќе пати на ден може да одземе многу време. Паметните менаџери на социјалните медиуми користат софтвер за управување со социјалните медиуми за планирање на содржините и автоматизација на објавувањето. Алатките за управување со социјалните медиуми можат да им овозможат на корисниците/чките објавување, следење и управување со сите нивни мрежи на социјалните медиуми од една контролна табла.

Постојат многу алатки за планирање на објавите на социјалните мрежи, а изборот исклучиво зависи од вашите потреби, буџетот и преференциите. За некои алатки пишувавме и претходно, а во продолжение ви го претставуваме прегледот на десет популарни алатки, од кои веруваме дека ќе пронајдете барем една која ќе биде соодветна за вас.

Sprout Social

Платформата Sprout Social им овозможува на корисниците/чките градење и зајакнување на односите на социјалните медиуми. Платформата нуди обемна збирка на алатки за слушање, објавување, ангажман, аналитика и застапување. Го користат компаниите и агенциите за подобрување на ангажманот, оптимизацијата на процесите и зголемувањето на задоволството на купувачите. Sprout Social е еден од глобалните лидери во софтверот за управување со социјални медиуми и аналитика.

CoSchedule

CoSchedule е алатка која го комбинира планирањето на објавите на социјалните мрежи со планирањето на содржината на блогот. Идеално е за оние кои сакаат да ги интегрираат објавите на социјалните мрежи со нивната стратегија за блогот. Таа ви помага да напишете десетици наслови на кои вреди да се кликне во секунда.

Hootsuite

Hootsuite е една од најефикасните и најпопуларните алатки за управување со социјалните мрежи која е и бесплатна. Доколку сакате да ја олесните и да ја забрзате секојдневната работа за управување со социјалните страници, од распоредување на објавите до анализирање на успехот на тие објави, оваа алатка може да биде токму за вас.

Buffer

Buffer  е интуитивна, поедноставена софтверска платформа за управување со социјалните мрежи на која ѝ веруваат брендови, компании, агенции и поединци за да им помогне да постигнат значителен ангажман и резултати на социјалните мрежи. Buffer има пакет на производи за објавување, ангажман, аналитика и тимска соработка. Нивните производи се внимателно анализирани и високософистицирани за да им помогнат на трговците и на тимовите на социјалните мрежи за да работат што е можно поефикасно

Planoly

Planoly е планер на содржини на социјалните мрежи на кој му веруваат повеќе од 8 милиони креатори/ки на содржини за градење на база на ваши следбеници/чки на социјалните мрежи. Со алатките за креирање на содржини кои се создадени за да ви помогнат да управувате со секој дел од вашата социјална стратегија, ќе имате сѐ што ви е потребно за да го развиете вашето работење. Planoly нуди инспирација за содржина, алатки за визуелно планирање, автоматско објавување на Instagram, LinkedIn, TikTok, YouTube (вклучувајќи ги и YouTube Shorts!), Facebook, X (поранешен Twitter) и Pinterest како и иновативни начини за постојан развој на вашето работење во еден поедноставен работен простор.

Later

Later е платформа за закажување на социјалните мрежи која на корисниците им овозможува планирање и закажување на објавите на социјалните мрежи на повеќе платформи вклучувајќи ги Instagram, Facebook, Twitter и Pinterest. Платформата поседува алатки за планирање и распоредување кои ја олеснуваат визуелизацијата на управувањето со социјалните медиуми. Таа нуди и уредување на фотографии, објавување на приказни и уште многу повеќе. Првично таа беше развиена за Instagram, но оттогаш ја прошири нејзината функционалност за да ги задоволи и другите платформи на социјалните медиуми.

MeetEdgar

MeetEdgar е брза, едноставна и достапна алатка за управување со социјалните медиуми. Таа е дизајнирана за фриленсери/ки, претприемачи/ки, мали компании и тимови на социјалните мрежи. Преку неа можете да ја планирате содржината и објавите преку создавање, планирање и автоматизирање на содржините на социјалните медиуми на различни платформи од една контролна табла. За разлика од другите планери кои ја бришат вашата содржина откако таа ќе биде објавена, MeetEdgar ја чува вашата содржина во неограничена библиотека. Можете да црпите од оваа библиотека за пренамена на постара содржина, со што се осигурувате дека никогаш нема да останете без идеи.

Sendible

Менаџерот за социјални медиуми Sendible е присутен на пазарот уште од 2008 година. Поедноставете го маркетингот на социјалните медиуми за вашиот медиум. Пронајдете инспирација за сезонските промоции и визуелно планирајте ја вашата содржина во календарот. Тој поседува вграден уредувач за оптимизација на фотографиите за секоја платформа на социјалните медиуми, како и интеграција со Canva и Pexels за изработка на нови графики.

Loomly

Loomly е платформа за управување со социјалните медиуми која е едноставна за користење и е робусна и достапна. Нуди повеќе календари, шаблони за работни текови, интеграции, аналитика и многу повеќе за креаторите/ките, трговските марки, агенциите и маркетиншките експерти/ки.

Publer

Publer е платформа за управување со социјалните медиуми која ви овоможува соработка, планирање и анализа на вашите објави на Facebook, Instagram, Threads App, TikTok, Twitter / X, Mastodon, LinkedIn, Pinterest, Google Business, YouTube, WordPress и Telegram. Со оваа алатка поедноставете го вашето присуство на социјалните медиуми и обезбедете конзистентен распоред на објавување.

На што да се обрне внимание при изборот на платформа

Откако добивте преглед на десетте платформи кои најчесто се користат, ви ги презентираме основните насоки на кои треба да им обрнете внимание при изборот на платформа за управување со социјалните медиуми. Важно е да се земат во предвид неколку клучни фактори за да ја изберете токму онаа која е најсоодветна за вашето работење.

Може да биде тешко да одлучите која алатка за управување со социјалните медиуми е соодветна за вас поради големиот број на достапни софтверски опции. Најдобар начин за да ја изберете вистинската алатка за вас е да почнете да ги поставувате вашите приоритети и цели кога станува збор за социјалните медиуми. За колку социјални медиуми креирате содржина? Колку часови неделно сакате да им посветите на социјалните мрежи? Колкав дел од вашиот буџет сакате или можете да одвоите за менаџер на социјалните мрежи? Откако ќе одговорите на овие прашања, ќе ви биде полесно да ги пребарувате софтверските карактеристики кои ќе бидат соодветни за вашите приоритети.

Ако менаџерот на социјалните мрежи има определени ограничувања, како на пример бројот на објави или бројот на платформи за одредена цена и дека сѐ останато дополнително се наплатува, тогаш обрнете внимание на тоа колку мрежи имате, колку објави ќе планирате и колку пари би издвоиле за секој од понудените софтвери.

Со оглед на тоа што повеќето менаџери можете да ги испробате со ограничено траење, тоа може да биде одличен начин за да видите како тие функционираат, каков е нивниот интерфејс и дали е збунувачки за вас да работите во оваа алатка. На тој начин можете најдобро да процените дали ви одговара таков менаџер.

Оценете го квалитетот на статијата