Techradar во средината на март ги тестирал и ги рангирал бесплатните и open source алатки за обработка на фотографии и направил листа од десет најдобри во 2020 година.
Без оглед дали барате целосно развиена алтернатива за Photoshop за понапредно уредување или некои поедноставни алатки кои со еден клик ќе ги оптимизираат вашите слики, овие алатки можат да ви го овозможат тоа. Листата на споменатите алатки се наоѓа на овој линк, а ние денес ќе ви ја претставиме онаа што се најде на првото место – GIMP (The GNU Image Manipulation Program).
Без оглед дали сте графички/а дизајнер/ка, фотограф/ка или било кој/а професионалец/ка, GIMP ви дава софистицирани алатки за извршување на вашата работа. Можете дополнително да ја подобрите својата продуктивност со помош на GIMP благодарејќи на многу опции кои ги нуди.
Иако не е млада алатка, GIMP е една од најпознатите и најдобро одржувани отворени софтверски алатки. Бесплатна е и често се споредува со силата на обработка на фотографии во платформата Adobe Photoshop.
GIMP има вградена поддршка за слоеви, филтри и автоматско подобрување на фотографии. Исто така го олеснува создавањето на новите елементи на графичкиот дизајн и навистина можете да ги кренете фотографиите на повисоко ниво со преземање на додатоците креирани од пошироката GIMP заедница со отворен код.
Како и Photoshop, GIMP не е за почетници/чки, но секој кој има желба да се занимава со обработка на фотографии, со помош на туторијали кои може да ги пронајде на нивната страница или на Youtube, може да го совлада работењето и сигурно ќе ги цени неговите можности.
Вклучува слоеви, високоприлагодливи четки, филтри и автоматски алатки за подобрување на сликата и поддршка за голем број на додатоци (некои се однапред инсталирани, а другите се достапни за одделно преземање). Неговата активна заедница на соработници/чки значи дека тој е во постојан развој, а сите грешки во краток рок се поправаат. Сето тоа го прави навистина одличен бесплатен уредувач на фотографии кој е подобар од многу комерцијални програми.
GIMP доаѓа со импресивни можности за избор и монтажа, со разни начини за ретуширање на слики, сечење, алатки за намалување на шумот и подесување на бои, прилагодливи четки, градиенти и уште многу работи. Вклучува слоеви на маски, безиерови криви, филтри, па дури и анимациски пакет.
Ќе биде потребно да го инсталирате на вашиот компјутер. Постои верзија за Microsoft Windows, macOS, Linux.
На веб страницата gipm.org можете да пронајдете доста информации за самата апликација, туторијали, и начини како да придонесете за развој на оваа апликација.