InterviewJS: Поинаков начин за претставување на интервјуа

23.12.2020. / 13:03
Share
InterviewJS
InterviewJS Interface
InterviewJS

InterviewJS e алатка со отворен код која ги води новинарите/ките низ процесот на создавање на иновативна новинарска содржина преку чет приказни. Оваа алатка ја развила Al Jazeera, а ја финансирал Фондот за иницијатива за дигиталните вести. Во прашање е open source алатка која е бесплатна за употреба.
Преку оваа апликација можете да создадете профили на соговорници/чки со кои однапред сте направиле интервју и да составувате интерактивни размени на пораки со комбинирање на текст, видеозаписи, мапи, звук, графикони или кој било вид вградлива содржина.
Целта на создавање на оваа апликација била да се создаде интересно и посеопфатно искуство на раскажување преку форматот на интервју. Публиката сé поретко сака да чита класични форми на интервјуа, сака повеќе интерактивност и визуелизација, а токму тоа го нуди оваа алатка.

 

InterviewJS ги става читателите/ките во средиштето на приказната овозможувајќи им навидум директно да стапат во контакт со интервјуираните лица преку чет. Скриптираниот чет е интерактивен чет заснован врз вистинскиот препис на интервјуата или скриптите кои ги дизајнирал новинарот/ката. Крајните читатели/ки имаат привид дека директно комуницираат со интервјуираното лице, а всушност ги добиваат одговорите според креираната содржина на новинарот/ката. Разликата е што поставените прашања го определуваат редоследот на содржината подготвена во сценариото. Таквите четови дозволуваат каква било содржина, па читателот/ката може да бара и да прима не само текстови, туку и линкови, слики, видеозаписи, карти и други вградени делови на интервјуто.
Интервјуата можат да се вградат на вашиот онлајн портал или да се споделат на социјалните мрежи.
Алатката можете да ја користите со креирање на профил за кој ви е потребна само вашата е-маил адреса. Потоа тргнувате во процес на креирање на приказната преку изградба на ликовите. Алатката овозможува креирање на неколку соговорници/чки во исто време, што добро доаѓа кога пишувате за некои теми кои вклучуваат повеќе соговорници/чки. Можно е дури да се одбере бојата на облачето на текстот за поголема персонализација.
По креирањето на соговорниците/чките на вашето интервју, можете да составувате елементи од приказната со користење на материјалите кои ги имате од вашето интервју. На читателите/ките можете однапред да им понудите прашања, па да им оставите можност тие да кликнат врз некое од понудените прашања и да добијат одговор или да им оставите можност самите да постават прашање. Одговорите доаѓаат од базата на вашата содржина која однапред сте ја поставиле.
На страницата InterviewJS можете да пронајдете и совети како да изградите колку што е можно подобро приказни преку InterviewJS, како и различни примери како сето тоа може да изгледа. Со оваа алатка новинарите/ките имаат можност да искористат колку што е можно повеќе од добиената содржина од интервјуто, а од друга страна со добро планирање посетителите/ките на вашиот портал добиваат поперсонализиран пристап до содржината.

Ocijenite kvalitet članka