Како да креирате Билтен со Sway – бесплатната онлајн алатка на Microsoft

24.01.2023. / 11:37

Користењето на билтени во новинарството стана популарно во последните неколку години. Многу медиумски организации ги користат билтените како начин за да допрат до нивната публика и на претплатниците/чките да им испорачаат персонализирана и избрана содржина само за нив. Многу веројатно е дека трендот на користење на билтени во новинарството ќе продолжи и низ 2023 година.

Билтените им овозможуваат на сите организации да воспостават директна и трајна врска со нивната публика, што може да помогне за да се зголеми ангажманот и лојалноста.

Освен тоа, билтените можат да им помогнат на медиумските организации да се сосредоточат на темите и на публиката која не е фокусирана на определена ниша, што може да биде особено корисно за помалите медиуми кои можеби немаат ресурси за широко покривање на темите, но имаат содржина што е интересна за специфична група на читатели.

Визуелно привлечен билтен може да биде корисен за медиумите на неколку начини:

  1. Го зголемува ангажманот: Со визуелно привлечните елементи, билтенот најверојатно ќе го привлече вниманието на публиката и ќе го задржи нејзиниот интерес. Ова може да доведе до зголемен ангажман и до поголема веројатност дека публиката ќе го отвори и ќе го прочита билтенот.

  2. Брендирање: Може да ѝ помогне на медиумската организација во воспоставувањето на моќен идентитет на брендот. Со користење на доследни елементи на дизајнот, како што се бои, фонтови и слики, медиумите можат да создадат препознатлив и незаборавен бренд.

  3. Создавање на публика: Ви помага да изградите публика и да воспоставите директна врска со читателите/ките. Со обезбедување на персонализирана и на избрана содржина, билтенот може да ја зголеми лојалноста и задржувањето меѓу претплатниците/чките.

  4. Монетизација: Ваквиот начин на комуникација со публиката може да се користи како пат за медиумските организации да ја монетизираат нивната содржина.

  5. Вмрежување: Билтените им помагаат на новинарите/ките да допрат до други организации, компании и групи. Со споделување на нивната работа преку билтени, медиумите можат да ја зголемат нивната видливост како и можностите за вмрежување.

  6. Едноставен за користење: Со билтенот е олеснета консумацијата на содржините, преку јасно определена понуда на статии кои се збогатени со слика, со видеозапис или инфографика.

Креирање на билтен со Sway алатката на Microsoft

Microsoft Sway е дигитална алатка за раскажување која може да се користи и за изработка на визуелно привлечни билтени.

За да започнете со изработка на билтенот, прво треба да го отворите Microsoft Sway и да се најавите.

Откако ќе влезете внатре во алатката, на почетниот екран ќе видите различни опции за тоа како да започнете со креирање на вашиот билтен.

sway

Кога ќе го изберете начинот на кој ќе го креирате вашиот билтен, без разлика дали сте избрале да го правите тоа од почеток или преку некој од шаблоните, можете да ги користите опциите за оформување на вашиот билтен за да го персонализирате.

Опциите за оформување ви се достапни за да го приспособите изгледот на вашата содржина, како на пример менување на фонтот, бојата или изгледот.

На билтенот можете да му додадете заглавие и подножје со логото на медиумската организација.

Целиот процес можете постојано да го проверувате со кликнување на копчетоПреглед“ („Preview“).

Во продолжение погледнете како изгледа интерфејсот во кој ќе ги приспособувате текстот, видеозаписот, фотографијата и другите елементи на вашиот билтен.

Откако ќе го завршите, можете да го објавите вашиот билтен со кликнување на копчето "Share". Билтенот можете да го споделите со испраќање на врската на одредени луѓе или со вградување на веб-страницата преку вграден код.

За потребите на текстот креиравме два вида на билтени, кои можат да ви послужат како инспирација. Во рамките на оваа статија ги вметнавме преку кодот и нив ќе ги пронајдете при изработката на билтенот со кликнување на „Share“ опцијата.

sa

 

Користењето на билтени во новинарството може да биде добар начин за да допрете до публиката на персонализиран и куриран начин. Иако визуелно привлечниот билтен може да биде корисен, тоа не е единствениот начин за да допрете до публиката. Важно е да ги процените различните опции што ви се достапни и да ја изберете онаа што најдобро им одговара на вашите потреби и на публиката.

Ocijenite kvalitet članka