Како новинарите/ките можат да ја користат алатката Browse AI за следење на резултатите од политичките избори

04.06.2024. / 12:32
Автор/ка
Share
browse ai
browse ai

Во денешното динамично новинарско окружување, навременото и точното известување за политичките избори е од клучно значење. Традиционалните методи за собирање на податоци најчесто се бавни и потребни им се многу ресурси, но со напредокот на технологијата, алатките за автоматизација стануваат неопходни.

Една од таквите алатки е Browse AI, која може значително да го олесни процесот на следење на изборните резултати. Иако примената на оваа алатка е многу широка, денес зборуваме за тоа како новинарите/ките можат да ја користат алатката Browse AI за следење на резултатите од политичките избори, кои се нејзините предности и начинот на кој таа може да се користи.

Што е Browse AI?

Browse AI е алатка за автоматско собирање и следење на податоци од интернет и нема потреба од програмирање. Им овозможува на корисниците/чките да извлечат податоци од која било веб-страница, да ги следат промените во реално време и да креираат приспособени роботи кои извршуваат специфични задачи.

browse AI
Извор: Browse.ai, Скриншот

Токму поради едноставноста на нејзиното користење, Browse AI може да биде една од многу корисните алатки за извлекување на податоци и за следење на резултатите од претстојните избори.

Квалитетната подготовка е клучна

Пред да започнете со користење на Browse AI, идентификувајте ги клучните веб-страници и извори кои ќе ги следите и од кои ќе ги преземате податоците. Изборот е речиси неограничен, а меѓу другото, тоа можат да бидат:

  • Официјалните страници на изборната комисија
  • Водечките медиумски организации и аналитичките портали
  • Страниците на политичките партии и на кандидатите/ките
  • Социјалните мрежи

После тоа, креирајте бесплатен налог на веб-страницата на Browse AI, а потоа преземете ја и инсталирајте ја екстензијата.

Browse AI нуди бесплатен план кој им овозможува на корисниците пристап до сите клучни функции на алатката без никакви трошоци. Иако овој план доаѓа со определени ограничувања во однос на верзиите што се плаќаат, тој е сосема доволен за да процените дали е ова вистинска алатка за вас. Преку бесплатниот план можете да ги тестирате функционалностите како што се извлекување на податоци, автоматизација на задачи и интеграција со други алатки. Видеозаписот во продолжение објаснува некои од можностите што ги нуди оваа алатка и ви дава подобар увид во нејзините предности.

Ако сакате да ги истражите дополнителните можности на оваа алатка, можете да ги изгледате многубројните видео туторијали што се достапни на YouTube, кои детално ги објаснуваат сите функции на оваа алатка. Овие туторијали нудат чекор-по-чекор (step-by-step) водичи и совети, овозможувајќи ви целосно да го искористите сето она што може да го понуди Browse AI.

Оценете го квалитетот на статијата