Креирајте билтени со едноставната алатка SendInBlue

28.02.2023. / 08:19

 

Newsletter-ите (билтените) нудат директен и личен начин на комуникација со публиката. Со испраќањето на билтен на вашите претплатници/чки, редакциите можат да ги заобиколат алгоритмите за пребарување и алгоритмите на социјалните медиуми кои можат да го ограничат досегот на вашата содржина.

Билтените можат да помогнат во изградбата на лојална публика нудејќи им на читателите/ките ексклузивна содржина, персонализирани препораки и увид во уредувачкиот процес на редакцијата. Ова може да помогне во зголемувањето на ангажманот и на лојалноста на читателите. Билтените исто така можат да привлечат сообраќај на веб-страницата на редакцијата и да го зголемат приходот преку рекламирање или претплата. Со вклучување на линкови до статиите и до мултимедијалната содржина во билтенот, читателите/ките се поттикнуваат да кликнат на веб-страницата и да се вклучат во содржината на редакцијата.

Преку достапноста на аналитиката на билтенот и на податоците за читаноста, ангажманот и преференциите, редакциите добиваат значителен увид во потребите на публиката. Овие податоци можат да им помогнат на редакциите да можат подобро да ја разберат нивната публика и да ја приспособат нивната содржина според нејзините потреби.

Билтените навистина можат да бидат вредна алатка за редакциите и за медиумските организации кои сакаат да се поврзат со публиката, да изградат лојална публика, да го зголемат сообраќајот и приходот како и да воспостават кредибилитет и авторитет во нивните области.

Алатката SendINBlue за креирање на билтени

Алатката за креирање на билтени SendInBlue е софтверско решение кое е направено врз основа на облак или SaaS кое им помага на организациите и на поединците/ките во креирањето и испраќањето на билтени на нивните претплатници/чки. Таа нуди голем број на функции и на алатки кои се така дизајнирани за да го направат процесот на креирање на билтен што е можно полесен и поефикасен.

Некои од клучните карактеристики на оваа алатка вклучуваат приспособливи шаблони, маректиншка автоматизација, детална аналитика и интеграција како и интеграција со популарни алатки од трета страна како што е WordPress.

Алатката има едноставен кориснички интерфејс со кој со помош на техниката со повлекување и спуштање (drag and drop) лесно ќе можете да ги приспособите различните сегменти од вашиот билтен. Таа нуди голем број на опции за обликување и на стилови, како и можност за додавање на мултимедијални содржини како што се слики, видеозаписи и линкови на социјалните медиуми.

Алатката исто така вклучува приспособливи шаблони, што овозможува едноставно и брзо креирање на билтен со професионален изглед. Шаблоните се целосно приспособливи, овозможувајќи им на корисниците/чките да додадат сопствен бренд, лого и бои.

A/B функцијата за тестирање е уште едно корисно средство за оптимизација на ефикасноста на билтените што се испратени преку е-пошта. Со A/B тестирањето корисниците/чките можат да креираат повеќе верзии на нивните билтени и да ги тестираат за да видат кој се однесува подобро.  

Деталната аналитика и известувањето исто така се клучна карактеристика на алатката за билтени SendInBlue. Алатката им нуди на корисниците голем број на податоци и увид во нивните билтени. Овие податоци можат да се користат за оптимизација на идните билтени и за подобрување на нивната севкупна ефикасност.

Како да креирате билтен во алатката SendInBlude

Пред воопшто да започнете да креирате билтени, ќе треба да се регистрирате и да го креирате вашиот профил. Ова ќе го направите на многу едноставен начин преку вашата адреса за е-пошта.

Откако ќе го креирате вашиот кориснички профил и ќе се најавите, најпрво ќе ви бидат понудени пакети на услуги, од платени до бесплатни.

Ние се решивме да ја тестираме бесплатната верзија, која нуди испраќање на вашиот билтен на 300 е-маил адреси дневно, приспособливи шаблони, drag&drop уредувач како и SMS и WhatsApp кампањи.

Пред да одите на креирање на нова кампања, ќе треба да ги внесете контактите на лицата на кои им го испраќате билтенот. Ова можете да го направите со рачно внесување, можете да ја пренесете вашата датотека со контакти во стандардни табеларни формати или само да ги копирате и да ги залепите податоците од вашиот софтвер за табели (Excel, Google Spreadsheets и сл.). Откако ќе ги внесете податоците, ќе ви биде поставено прашање дали се во согласност со GDPR.

ew

Откако ќе го изберете пакетот и ќе ги внесете контактите, ќе ви се отвори интерфејсот на SendInBlue, каде што во горниот десен агол ќе можете да кликнете на креирање на нова кампања.

Кога ќе изберете некој од предложените изгледи на билтенот, ќе треба да внесете наслов, поднаслов и преглед на текстот на вашиот билтен како и да го изберете списокот на лица на кои им го испраќате. Ако сакате, веќе тука можете да изберете еден од шаблоните и на тој начин да почнете да го креирате вашиот прв билтен.

Интерфејсот е навистина сличен како кај другите алатки за креирање на билтен, а опцијата drag and drop го олеснува вметнувањето на различни функции, како на пример рамка со текст, наслов, слика, лого, копче за социјални мрежи, вметнување на html линкови, различни стилови на приказ на текст и слики/видеозаписи, додавање на header и footer, навигација и слично.

via GIPHY

По вметнувањето на сите елементи што треба да ги содржи вашиот билтен, подготвени сте за испраќање на вашиот билтен.

Можете да го испратите веднаш или да изберете време и ден за испраќање кога ќе ви одговара на вас.

Погледнете како изгледа билтенот што го креиравме за неколку минути, кој е дури и на три јазици.

 

via GIPHY

Изгледа дека алатката SendInBlue Newsletter е едноставно решение за креирање и за испраќање на билтени преку електронска пошта. Неговиот опсег на карактеристики и на интеграции, во комбинација со лесната употреба, го прави одличен избор за сите оние што сакаат да ги подобрат нивните напори во маркетингот преку е-пошта.

Ocijenite kvalitet članka