Креирајте визуелно привлечни scrollytelling приказни со платформата Vev

22.11.2023. / 11:11

Scrollytelling техниката во новинарството претставува релативно нова форма на пишување и раскажување. Scrollytelling е техника која вертикално или хоризонтално ја раскажува приказната и се потпира на употребата на комбинација од мултимедијални елементи како што се видеозаписи, графикони, квизови и интеракции кои постепено ја откриваат приказната преку скролување.

Таа настанала како одговор на промените во начинот на кој корисниците/чките ја консумираат содржината на интернет. Традиционалните текстуални форми на статиите станаа помалку привлечни, а публиката стана сè повеќе склона кон брзо скролување на содржините на нивните уреди. Со цел да го привлечат вниманието на публиката, медиумите почнуваат сè почесто да ја користат scrollytelling техниката која овозможува постепено откривање на приказната преку скролување или поместување. Оваа техника стана популарна бидејќи им овозможува на новинарите/ките креативно да и ги пренесат информациите на публиката преку динамични и интерактивни приказни.

Оваа техника има многу предности, а една од најважните е подолгото задржување на публиката на приказната. Минатата година зборувавме за медиумот Види Вака од Северна Македонија и нивната одлука да користат scrollytelling за претставување на приказната. Тогаш ко-основачот на Види Вака, зборувајќи за зголемувањето на времето што е поминато на статијата, изјави: Севкупното просечно време на веб-страницата се зголеми на 7 минути и 13 секунди од 1 минута и 24 секунди пред нашите приказни во scrollytelling формат. Стапката на напуштање на веб-страницата падна од 76% на 43% само со овие две приказни.„

Scrollytelling-от ги прави информациите полесно разбирливи, бидејќи текстот, сликите, графиконите и другите медиуми се користат заедно за подобро да ја илустрираат темата на приказната. Оваа техника, исто така, им овозможува на новинарите/ките да ги раскажат приказните со географски елементи, со користење на мапи и на визуелни елементи за илустрација. Како резултат на тоа, scrollytelling-от стана неопходна алатка за медиумите кои сакаат да ја привлечат, да ја едуцираат и да ја ангажираат нивната публика во дигиталната ера.

Vev алатката за scrollytelling

Vev е алатка која нуди готови елементи за распоред на статиите или на страниците во scrollytelling формат, па затоа е погодна и за оние кои немаат големо искуство во програмирањето. Vev во 2017 година ја основаа тројца креатори/ки кои сакаа да ја направат мрежата поубаво место. Денес алатката Vev ја користат креативци/ки ширум светот.

Таа нуди разни алатки за визуелно раскажување и готови елементи за распоред. Тоа значи дека можете едноставно да ги повлечете и да ги спуштите напредните функции во вашиот дизајн, вклучувајќи:

Наместо да користите различни алатки, овде на едно место имате можност да заштедите време и пари за изработка на фасцинантни визуелни наративи.

Vev, исто така, ви дава слобода за да ја објавите вашата приказна каде било вградена во CMS, поврзана со постоечка веб-страница или хостирана преку Vev.

Како да се користи алатката Vev

Пред воопшто да почнете да ги користите сите нејзини придобивки, ќе треба да се регистрирате користејќи ја вашата е-маил адреса.

Кога ќе го направите тоа, ќе ве пречека почетниот екран каде што имате можност од почеток да ја креирате вашата статија или друга форма на проект или да ги вметнете однапред подготвените статички дизајни од Figma кои ќе се претворат во кодирани елементи.

vev

Ние избравме еден од предлозите врз основа на кој ја направивме токму оваа статија.

Кога ќе кликнете на Start from scratch, ќе ви се отвори прозорец во кој треба да изберете за каков формат сакате да креирате дизајн. Подолу се наоѓа листа на предлози што можете да ги користите за да ја приспособите вашата приказна врз основа на тој дизајн.

vev1

На почеток ќе ви се отвори Волшебник кој може да ве води низ сите достапни функции, што секако може да биде корисно за да можете подобро да ги совладате сите функции и максимално да ги искористите неговите придобивки.

via GIPHY

Едноставно можете да додавате ваш текст на готовите предлози на дизајнот, а преку директно работење на веќе присутната визуелна содржина можете да ги менувате транзициите, начините како се појавуваат сликите и другите визуелни елементи, така што нема да мора да размислувате за тоа како ќе изгледа на крајот, бидејќи вашиот резултат е веднаш видлив тука пред вас додека работите.

Откако ќе ја завршите подготовката на вашата визуелна содржина, кликнете на Publish project, каде што ќе добиете опции за објавување на вашата статија.

vev2

Опциите кои ви се нудат се можноста за креираниот линк што е хостиран на платформата Vev да го копирате и да користите линк во текстот или можете да го земете кодот и да го вметнете во вашата статија. Пред да кликнете на копирање на линкот или на кодот, ќе треба во рамките на платформата Vev да го објавите вашиот дизајн за да биде јавно достапен.

Која е цената на оваа алатка

Алатката е достапна бесплатно, но со воден жиг на платформата Vev во долниот десен агол. Алатката е навистина богата со различни функции, со кои ќе можете да креирате неверојатни scrollytelling приказни.

Кога станува збор за платените верзии, пакетите се формираат врз основа на вашите потреби, од индивидуални до организациски, од проектни до професионални.

На овој линк можете да го видите деталниот преглед на сите фунцкии кои се понудени во платената и во бесплатната верзија.

***

Овде погледнете како изгледа оваа приказна креирана во платформата Vev.

Оценете го квалитетот на статијата