Мапирање на податоците со алатката BatchGeo

21.09.2020. / 11:30

Новинарите/ките неретко се среќаваат со податоците претставени во табели, без оглед дали зборуваме за резултатите од избори, бројот на жители/ки на некое подрачје, или кои било други податоци. Често е невозможно да се инкорпорира целата табела во известувањето, па новинарите/ките во известувањето се одлучуваат да ги земат само некои од податоците.

За да се претстават сите податоци што ги имате во некоја табела, од голема помош можат да бидат различни алатки кои ги визуелизираат тие податоци. Таквите алатки, не само што ќе ја претстават целата табела и сите податоци кои се наоѓаат во нејзе туку мошне релативно и визуелно ќе ги мапираат тие податоци.

Џенифер ЛеФлор, коавторката на книгата за употреба на мапите во новинарството вели дека „мапите се одлична репортерска алатка за анализа“.

Мапите се користат во новинарството уште од минатиот век, а претставуваат одлична алатка преку која се раскажуваат приказни за различни настани.

И порано сме  пишувале за важноста на мапите во новинарството, раскажувајќи за различни алатки кои можат да ви помогнат подобро да ги претставите податоците, како што се My Maps Google, Arc online, Carto, Mapbox или StoryMapJS која нуди одлични можности за раскажување низ географскиот простор.

BatchGeo алатка за мапирање

На страницата Newsroom.tools, која ви ја претставивме минатата недела, можете да пронајдете уште многу алатки преку кои можете да ги креирате мапите, а една таква алатка ви ја претставуваме денес.

BatchGeo е една од наједноставните алатки за мапирање на податоците од пресметковните табели, а единственото знаење кое ви е потребно е малку копирање и лепење.

Постојат бесплатна и платена верзија, а вашите доверливи податоци ќе можете да ги чувате само во платената верзија, додека во бесплатната тие им се достапни на сите. Така што е важно да го свртите вниманието на тоа ако работите со некои чувствителни податоци. Pro верзијата исто така нуди визуелизација на мапата на топлината (heatmaps), приказот на улици на Google, напреден избор на податоци и побрзо геокодирање, заедно со опциите за приватност.

BatchGeo доаѓа со добро опремена страница  со чести прашања и основни објаснувања како алатката работи на веб страницата. Ако не ви одговара Excel, можете да ја преземете нивната табела со сите подесени параметри, за точно да видите што ви треба од податоците за пренесување во BatchGeo.

Ако користите бесплатна верзија, за жал нема да имате многу опции за приспособување, туку ќе морате да ја користите онака како што ви е понудено. Можете да одберете кои полиња со податоците сакате да ги споредите на својата мапа.

Во три чекори мапирајте ги податоците што ги имате.

eaq

На нивниот Youtube канал можете да пронајдете и тутoријали кои детално ќе ви објаснуваат што е потребно да направите за колку што е можно подобро да ги претставите податоците.

BatchGeo се користи во новинарството и оваа алатка брзо работи со форматите на податоци кои се вообичаени во светот на медиумите и новинарството. Оваа апликација ја користат The Times, Wired, The Sunday Times и многу други. Некои од примерите за користење на BatchGeo во новинарството се претставени и на нивната страница и можете да ги погледнете тука.

Апликацијата е достапна за Windows, Mac и Linux оперативен систем, а за нејзе не ви треба инсталација бидејќи ја користите директно во пребарувачите, без оглед на тоа кој од пребарувачите го користите.

Ocijenite kvalitet članka