Платформата ClickSaver нуди широк спектар на алатки со попусти

07.02.2023. / 10:52

Дигиталните платформи кои нудат голем број на различни алатки можат да бидат неверојатно корисни за новинарите/ките, помагајќи им во побрзото и поефикасното собирање на информациите и во создавањето на интересни приказни. Тие им нудат можност на новинарите/ките да ја подобрат нивната медиумска презентација преку користење на приспособени и едноставни алатки за дизајн, податоци, видеозаписи, анимации и слично. Токму ваквите алатки придонесуваат за создавање на висококвалитетни приказни.

Кога имате платформа која ги нуди сите овие алатки на едно место, на новинарите/ките им се олеснува пристапот, пребарувањето и им заштедува драгоцено време.

Новинарите/ките денес можат да користат многу алатки бесплатно или по намалени цени.

Што е платформата ClickSaver

ClickSaver е платформа која на медиумските организации, стартапи и поединци/ки им нуди пристап до бесплатни или верзии на софтвер и алатки на пазарот со попуст. Оваа платформа е центар на алатките за различни потреби. Без разлика дали барате маркетиншки алатки, софтвер за дизајн или решенија без код. Таа нуди повеќе од 200 светски и локални софтвери целосно бесплатно или по намалени цени.

Нудејќи широк спектар на алатки, попусти и едукативни содржини, платформата ClickSaver им помага на медиумските организации, стартапи и поединци/ки да постигнат максимални резултати потпирајќи се на голем број на алатки кои ќе им го олеснат работењето.

На платформата можете лесно да се најавите, доволно е да го напишете вашето име, е-поштата, да изберете лозинка и за неколку секунди сте веќе внатре во платформата.

clicksaver 

На почетокот можете да изберете дали сте стартап, медиумска организација или поединец/ка, за платформата да ги подреди понудените алатки.

Ако изберете било кој од овие три типа, ќе имате можност да го стесните изборот на алатките според истите категории, а тоа се: аналитика, без код, продажба, комуникација со купувачите, ментално здравје, дизајн и социјални мрежи.

Понудата на алатки е поделена во три сегменти: бесплатни, фримиум и алатки со попуст.

Кога ќе ја изберете соодветната категорија и пакет, ќе ви бидат наброени сите алатки што се во понудата.

via GIPHY

Откако ќе го примените соодветниот филтер, можете да ја разгледувате листата на алатки и да кликнете на која било што ве интересира. Можете да дознаете повеќе за секој производ така што ќе кликнете на него. На тој начин ќе дознаете повеќе за алатката, а со кликнување ќе отидете до веб-страницата на производот за да го тестирате или да побарате попуст.

via GIPHY

За користење на верзија на производот со попуст, едноставно кликнете на производот и следете ги упатствата за да побарате попуст. Откако ќе ви биде одобрен попустот, можете да го користите производот со намалена цена.

Платформата нуди и водичи и поддршка преку чет за да ви помогнат да ја изберете соодветната алатка за вашите потреби.

Но, платформата нуди и заедница на професионалци/ки кои се отворени за учење и за тестирање на нови работи.

Изгледа дека ова е едно одлично место за сите новинари/ки, каде што можат да дознаат нешто повеќе за алатките кои можат да им ја олеснат секојдневната работа и во исто време и да добијат одредени попусти за некои алатки кои скапо ќе ги платите доколку ги купувате директно.

Ocijenite kvalitet članka