Дата новинарството: Приказот на картографските податоци(8/10)

18.12.2019. / 15:26

Зошто ни се потребни картите? Светот е комплициран и често се наоѓаме во ситуации каде сакаме да пишуваме за географските региони, без оглед дали се тоа државите, континентите или некои помали географски области како градови, општини или дури месни заедници. Текстовите можат да бидат вишок бидејќи зависно од бројот на подрачјата кои ги обработуваме некој обид тие податоци да ги претставиме со текст би можел да се развлече на илјадници сувопарни зборови. Преку карта можеме да ги претставиме таквите податоци на многу поинтуитивен начин и да му овозможиме на читателот да ги забележи трендовите на мапата (ако постојат), и читателот самиот да си ги погледне податоците кои најмногу го интересираат.

Ocijenite kvalitet članka