Како да направите инфографика, а да не плаќате дизајнер

06.04.2020. / 09:27

Денес постои голем број апликации кои се направени токму со цел вам и на другите да ви овозможат едноставна работа врз графичките решенија. Една од таквите апликации, која ја користиме и ние во Balkansmedia во нашата секојдневна работа е Canva.  Оваа апликација може да ви помогне да бидете свој/а дизајнер/ка во неколку минути и вашите социјални медиуми да ги претворите во место кое секој ќе мора да го посети, и да ја сподели вашата содржина.

Во нашиот нов туторијал погледнете како да се работи во Canvа и да се претстави вашата статија преку инфографика или некој друг формат.

Ocijenite kvalitet članka