Како да се вклучи двојна автентификација (2FA) на налозите на Google, Facebook и Instagram

17.01.2020. / 11:17

Во претходниот текст ви претставивме што значи двојна автентификација, и како може да ви помогне дополнително да ги заштитите своите налози, па така и информациите кои ги поседувате во нив. Овој систем за заштита претставува уште еден чекор кон превенирање на дигиталните упади и овозможува побезбеден пристап на интернет.

Во повеќе наврати констатиравме дека е невозможно во целост да се заштитите од хакерски напади, но овој вид на дополнителна заштита секако ќе запре некои напади или ќе ги забави, и ќе ве извести дека некој се обидува да влезе во вашите профили на социјалните мрежи или на мејлот, и ќе ви даде некое дополнително време да ги избришете информациите кои можат да бидат компромитирачки.

Во продолжение детално ви покажуваме како можете да ја активирате двојната автентификација во налозите на Google, Facebook и Instagram.

Налози на Google

Најдобар начин да управувате со вашата двојна автентификација за налозите на Google е користење на апликацијата Authy. Оваа апликација ви овозможува да имате едноставна мобилна апликација за сите ваши налози за кои сте ја вклучиле двојната автентификација и можете да ги синхронизирате на повеќе уреди. Дури можете да ѝ пристапите и преку десктоп верзија.

Доколку сакате да ја инсталирате апликацијата Authy на мобилниот уред, потребно е да отидете во Play store и да внесете Authy 2-Factor Authenication, и да кликнете врз Install. Доколку сакате да ја инсталирате на десктоп на вашиот компјутер, внесете во пребарувачот Authy.com и во десниот горен агол ќе ја најдете опцијата Download.

Кога ќе ја инсталирате апликацијата, потребно е да се логирате во вашиот налог на Gmail, и да отидете на опцијата My Account. За да ви биде полесно да подесите сѐ, ви препорачуваме да се логирате преку десктоп. Одберете Sign-in & Security, потоа Signing in to Google, и кликнете врз 2-Step Verification.

1

2

3

4 

Кога ќе кликнете врз опцијата 2-Step Verification, кликнете врз Get started.

5

Внесете го бројот на вашиот телефон и одберете опција на кој начин сакате да го добивате кодот: преку СМС порака или преку повик и кликнете врз Next.

6

Кога ќе ги поставите горните чекори, ќе го добиете кодот на вашиот телефонски број. Копирајте го тој број и внесете го во предвиденото место и кликнете врз Next.

7

Кога ќе кликнете врз Next, ви останува уште да кликнете врз опцијата да го вклучите 2FA - Turn On.

Кога ќе го вклучите 2FA, ќе ви се појават долните опции  да поставите алтернативeн втор чекор, во кој е потребно да ја изберете опцијата Autenticator app. Кликнете врз Set up кој се наоѓа под опцијата Autenticator app.

8

Кога ќе кликнете врз Set Up, ќе мора да одберете кој уред го користите: iPhone или Android.

Кога ќе го инсталирате Authy app на вашиот телефон, ќе кликнете врз Set up account, и врз опцијата Scan Code. Доближете го вашиот мобилен уред до десктопот и скенирајте го кодот кој претходно сте го добиле преку следење на горните чекори.

9

Кликнете врз опцијата Done. Верификацискиот код сега е генериран на вашиот мобилен уред за налозите на Google. Уште малку држете ја отворена апликацијата на вашиот телефон, бидејќи наскоро ќе го завршите поставувањето на двојната автентификација.

На вашиот десктоп, кој е отворен на кодот кој сте го скенирале, кликнете врз Next. Ќе ви побара да го внесете кодот, кој сега можете да го добиете на вашиот телефон, и да го внесете во вашиот налог на Google.

10

Кликнете врз Verify, па пота врз Done и вашата двојна автентификација е завршена.

Кога следниот пат ќе се логирате од некој трет уред, двојната автентификација ќе функционира така што по внесувањето на вашиот мејл и шифра, ќе морате да го внесете кодот кој ќе го добиете така што повторно ќе влезете во мобилната апликација Authy и кодот ќе ви биде подготвен да го внесете. Имајте предвид дека кодот во оваа апликација брзо исчезнува, и ако не го внесете во предвиденото време, ќе мора да внесете друг код  кој ќе ви се појави со освежување на апликацијата.

 

Налог на Facebook

За да ја вклучите СМС двојната автентификација на Facebook, потребно е да отидете во Settings на вашиот профил, и да кликнете врз секцијата Security and Login.

11

Под опцијата Login Approvals, кликнете врз Edit. Ќе ви пишува дали сакате преку безбедносен код да пристапувате до вашиот налог од непознати уреди. Кликнете дека сакате и снимете ги промените.

12

Ќе ви се отвори прозорец во кој ќе биде објаснето што значи Login Approvals. Кликнете врз Get started. Ќе ви побара да го внесете бројот на вашиот телефон, доколку досега не сте го внесувале вашиот број во налогот на Facebook, и со СМС порака ќе ви биде испратен кодот. Кога ќе го добиете кодот, внесете го и кликнете врз Continue.

13

Кога ќе кликнете врз Continue, ќе ви пишува дека поставувањето на двојната автентификација е комплетирано. Секој пат кога ќе се логирате од некој непознат уред, Facebook ќе ви бара да го внесете кодот кој автоматски сте го примиле на бројот на вашиот телефон. Ова е начин да ја направите двојната автентификација која преку СМС порака би ви доаѓала на бројот на мобилниот телефон кој сте го внеле.

Налог на Instagram

Доколку сакате да ја поставите двојната автентификација со користење на надворешна апликација, како што е Duo Mobile или Google autenticator, потребно е рачно да ја вклучите опцијата за двојна автентификација на вашиот Instagram профил.

Влезете на вашиот Instagram профил, кликнете врз горниот десен агол каде што се наоѓаат три цртки една под друга, и кликнете врз Settings, па Security, па Two-Factor Authentication. Кликнете врз Get started и одберете на кој начин сакате да ја поставите двојната автентификација – преку СМС порака (Text message) или преку надворешна апликација (Authentication app). Кликнете врз Authentication app, и доколку веќе не сте ја инсталирале надворешната апликација, направете го тоа. Постапката за инсталирање на надворешната апликација Authy можете да ја погледнете во делот Како да се вклучи 2FA на налозите на Google. Сите надворешни апликации се инсталираат речиси исто, а можете да ги пронајдете во Play Store.

Кога ќе ја инсталирате апликацијата, копирајте го клучот кој сте го добиле внатре во Instagram и ставете го во надворешната апликација (на пр. во Duo Mobile или Google Authenticator). Се препорачува уште некаде да го зачувате овој клуч или да го сликате, бидејќи еднаш кога ќе ги направите подесувањата повеќе нема да можете да му пристапите. Кога вашиот Инстаграм профил ќе се поврзе со надворешната апликација, копирајте го шестцифрениот код (кодот на надворешната апликација секогаш има шест броеви) кој ви се појавил внатре во апликацијата. Вратете се во вашиот Instagram профил, кликнете врз Next, залепете го копираниот код за да го комплетирате процесот на двојна автентификација.

Доколку имате Instagram профил на повеќе уреди, ќе биде доволно само еднаш да ги подесите сите овие чекори, и ќе бидете во можност да го користите кодот од надворешната апликација на вашиот мобилен уред со кој прв пат сте го споиле Instagram профилот.

Запомнете дека ви се разликува Instagram клучот кој ви го препорачавме да го снимите уште некаде и еднократниот код на надворешната апликација. Instagram клучот е клуч кој ви е потребен кога рачно ја поставувате двојната автентификација на уредот и може да биде користен за поставување на двојна автентификација на повеќе уреди. Еднократниот код е шестоцифрен безбедносен код кој го користите за верификација и влегување во профилот.

 

Се надеваме дека нашиот туторијал ви помогна да воспоставите двојна автентификација и така дополнително да ги заштитите вашите налози.

Ocijenite kvalitet članka
Предложете нова тема