

Препознавајќи ги промените кои се предизвикани со пандемијата на корона вирусот, а со желба да овозможи побрзо прикажување на податоците тимот на Flourish на ден 21.7. ги објави сите нови карактеристики имплементирани во јули. Тие карактеристики се однесуваат на полесна работа со податоци, нови шаблони за визуелизации (heatmaps) како и цела низа други вклучувајќи го и логот на променитe на кој сега можете да ги видите сите промени кои досега се направени.
Најзначајната промена за сите дата новинари/ки кои настојуваат во живо да ги прикажуваат податоците, без оглед дали се работи за изборните податоци или податоците за пандемијата, се живите визуелизации. Оваа промена се однесува на сите корисници на Newsroom, Business Pro и Enterprise плановите. Со оглед дека на големо ќе им ја олесни работата на новинските редакции кои се претплатени на Newsroom планот ви го претставуваме краткото упатство како да се започне со оваа нова карактеристика.
Што значат живите визуелизации
Живите визуелизации (live visualizations) подразбираат дека повеќе не морате да поставувате засебен CSV фајл на вашиот Flourish налог туку можете да ги повлечете податоците од некој оддалечен CSV фајл кој редовно се освежува и кој е поставен на вашите сервери, на страницата на државната статистика или CSV кој автоматски генерира некој API или некоја трета алатка како што е Google Sheets. Ова значи дека сега можете да правите графови, мапи и други визуелизации кои автоматски се освежуваат и објавуваат доколку дојде до промена на податоците. Тоа се однесува на изборните податоци или како што веќе наведовме на податоците за пандемијата со КОВИД-19 . Оваа карактеристика исто така ви овозможува употреба на еден извор на податоци на повеќе Flourish визуелизации. Поврзувањето со Google Sheets ви овозможува да ги поврзете изворите врз кои се применети формулите.
Како да се почне
Доколку го имате еден од горенаведените видови налози, новата карактеристика можете да ја пронајдете во опаѓачкото мени покрај копчето за поставување на податочен фајл (upload data file). Одберете ја опцијата Import from URL која ќе го отвори новиот прозорец каде ќе можете да ја залепите URL насоката која го води вашиот извор на податоците. Во случајот со Google Sheets ќе морате да го објавите вашиот извор на податоци преку File менито во Google Sheets и опцијата Publish to web. Тогаш ќе добиете јавно достапен линк кој ќе го залепите во Flourish прозорецот. Кога ќе ги внесете податоците ќе ги видите внесените податоци, но нема да можете да ги менувате во Flourish туку директно во изворот на податоците. Секако, оставена е опција во секој момент вашата визуелизација да ја разделите од изворот и да ги обработите податоците кои веќе ги имате увезени преку опцијата unlink.
Автоматско повторно објавување
Автоматско повторно објавување (republish) е опција која ви овозможува на Flourish да му дадете опција повремено да проверува дали е дојдено до промена на податоците и ако е дојдено да ги повлече и повторно да ја објави визуелизацијата со новите податоци. Она што е добра карактеристика на решението кое го нуди Flourish е без оглед дали поврзаниот податок постои на веб или не, визуелизацијата нема да исчезне. Податоците кои дотогаш се присобрани ќе се прикажуваат уредно. Исто така овие проверки на податоците не зависат оd бројот на лица кои ја посетуваат вашата визуелизација што нема да предизвика можни дополнителни технички проблеми во случај вашата визуелизација да има голем број прегледи. Оваа опција не е можна за визуелизации кои се заштитени со лозинка.
Секако доколку не ја сакате оваа опција можете да ја исклучите, но во тој случај ќе морате рачно да го правите освежувањето на податоците и повторното објавување.
Сите овие објаснувања му додаваат некои значителни новитети на Flourish кој веќе им овозможува на многуте партнери на BMAP подобро да ја известуваат својата публика за моменталната пандемија и изборите кои оваа година се случуваат во регионот.