Туторијал: Како визуелно креативно да се презентираат туристичките дестинации на интерактивна мапа

18.07.2022. / 11:53

Минатата недела ви ја презентиравме ArcGIS StoryMaps, одлична алатка за креирање на содржина преку различни типови на мапи. Свесни за фактот колку мапите денес се користат во новинарството и колку тие можат да бидат корисни за презентирање на  различни податоци и теми, веруваме дека оваа алатка ќе ви биде одлична помош во вашата секојдневна работа.

Со големиот број на шаблони што ги нуди, со неа ќе можете да креирате неверојатни и многу професионални приказни со користење на мапите. Крајните резултати се зачудувачки, а процесот на креирање трае многу кратко. Сѐ што ви треба е да имате идеја за тоа што сакате да презентирате преку мапата како и да ги подготвите сите потребни податоци што ќе ги внесувате при креирањето.

Оваа алатка нуди многу можности во бесплатната верзија, па со неа ќе можете да креирате прекрасни патувања низ мапите.

Денес ќе ви презентираме еден краток туторијал за тоа како да креирате интерактивна мапа, која ќе содржи фотографии, видеозаписи, описи и која на визуелно привлечен начин ќе го/ја однесе секој/а гледач/ка низ ова патување.

За потребите на текстот решивме да го користиме туризмот како тема, која во овој летен период кога сите одат на одмори може да биде многу корисна. Ова нека им биде инспирација на сите медиуми, на креативни начини да ги презентираат интересните дестинации низ целиот Западен Балкан, но секако и низ светот.

Фотографиите, видео материјалот и текстот се користени од Wikipedia и од други достапни линкови на Youtube.

Погледнете во дванаесет минути како течеше процесот на креирање на интерактивната мапа, а крајниот резултат го поставивме под видео туторијалот, се надеваме дека ќе ви се допадне и дека ќе ви биде корисен во понатамошната работа. 

 

 

Ocijenite kvalitet članka