Покана за Вебинар 2.0: Дигитална безбедност на новинарите/ките и заштита во текот на работење од дома

02.11.2020. / 15:04
Share

Претходната недела имавте прилика да го слушате воведното предавање за важноста на дигиталната безбедност за новинарите/ките. Марија Херцег, ИТ експертката на USAID BMAP,  низ четириесет минути ги претстави различните форми на дигитални напади, од ransomware, фишинг, па сé до покомплексните методи на напади. На овој линк можете да го погледнете целиот вебинар.

Овој четврток во 15 часот продолжуваме подетално да зборуваме за важноста на свртувањето на вниманието врз дигиталната безбедност на новинарите/ките, како и врз важноста на преземањето чекори кон подобра заштита.

Во вториот вебинар, Марија подетално ќе ве спроведе низ SAFETAG методологијата, ќе зборува за безбедносните политики внатре во редакциите и за процесот на заштита во време кога работите од дома.

Пријавете се на вебинарот преку овој формулар за да можете директно да учествувате во разговорот. Симултаниот превод на Албански и Македонски јазик ќе биде обезбеден, додека говорниот јазик на вебинарот ќе биде БХСЦГ. Вебинарот исто така ќе можете да го следите и на Youtube и Facebook каналот на Balkansmedia.org, меѓутоа поради ограниченоста на преносот во живо нема да можете да имате превод, па ви советуваме да пристапите преку линкот на Zoom доколку ви е потребен превод на овие два јазици. Доколку не успеете да учествувате во разговорот на овој датум снимката од видеото ќе биде обезбедена на сите три јазици по вебинарот.

Ocijenite kvalitet članka