Средства и стратегии за привлекување на помлада публика

29.03.2019. / 14:19
Share
Dusan Masic, BBC World Service
Dusan Masic, BBC World Service
Dusan Masic, BBC World Service

Душан Машиќ, менаџер за развој на бизнисот на BBC World Service ја образложи комплетната стратегија за привлекување на помладата публика кон својот медиум, преку детална анализа на потребите на публиката според возраста. Со оглед дека помладите генерации сѐ повеќе време поминуваат на мобилните телефони но и на таблети, на возраст од 16-24 години е забележан падот на гледаноста на телевизиската програма воопшто. Сепак, телевизијата и понатаму е доминантен медиум. Во просек, нешто повеќе од 1 ТВ приемник се наоѓа во секое домаќинство во Србија. За да се привлечат младите повторно да гледаат ТВ, направена е пред сѐ обемна анализа за потребите на младите односно испитување што младите бараат да гледаат и како воопшто тие се однесуваат кон информациите што ги добиваат преку традиционалните медиуми. Заклучено е дека сѐ помалку веруваат во веродостојноста на тие информации и дека се повеќе самите трагаат кон одговорите на прашањата што  ги интересираат. Модерните технологии, како и актуелните веб страници, од типот на Google и Facebook се меѓу најголемите „непријатели“ на телевизијата. Тие даваат технологија но ја земаат содржината. Поради сето тоа општата потреба за вести е сегментирана во шест делови за да се овозможи содржина која сепак ќе привлече публика кон телевизиска програма како извор на информации.

Ocijenite kvalitet članka