Транзиција во конвергентна редакција: Алатки и стратегии

29.03.2019. / 16:34
Share
Tatjana Sekulić, N1 (BiH)
Tatjana Sekulić, N1 (BiH)
Tatjana Sekulić, N1 (BiH)

Татјана Секулиќ, извршна продуцентка за мултимедиуми на Телевизијата Н1 во Сараево во своето излагање зборува за конвергенцијата на медиумите и генерално за начинот на управување со мултимедиумите на телевизијата. Новите технологии доведуваат до воведување на многу нови начини за пристап и пласирање на информации. Новинарите кои до вчера ја работеа стриктно својата конкретна работа  сега сѐ повеќе почнуваат да работат и други работи за кои ги обучуваат за да можат самите да ја одработат речиси целата задача. Мултитаскингот е се повеќе популарен во медиумите, со што доаѓа до намалување на, до вчера, потребниот број на вработени, а со самото тоа и до намалување на трошоците. Татјана зборува и за односите во редакцијата, за новинарските процеси воопшто како и за тоа како да се управува со луѓе кои работат во редакција. Неопходноста за обезбедување на основните квалитетни услови за работа во редакција, вклучувајќи и приходи, се неопходни за квалитетно функционирање на редакцијата и за зголемување на мотивираноста на новинарите да си ги извршуваат своите задачи на најдобар можен начин.     

Ocijenite kvalitet članka