

Марија Херцег, ИТ експертката на USAID BMAP, во четврток, на 29.10. го одржа воведниот вебинар за дигиталната безбедност на новинарите/ките. Низ четириесет минути таа ги претстави различните форми на дигитални напади, од ransomware, фишинг, па сé до покомплексните методи на напади.
Дигиталната безбедност на медиумските редакции, но и на новинарите/ките е од исклучителна важност. Свртувањето на вниманието на безбедноста во онлајн сферата е неопходно. Свесноста за постоење на ризикот и важноста на заштитата значи побезбедно занимавање со новинарството.
Преку примери на напади врз редакциите и новинарите/ките таа сликовито го објасни значењето на фокусот врз дигиталната безбедност, и учесниците/чките на вебинарот ги запозна со значењето на методологијата SAFETAG, за која секако многу подетално ќе зборува на следниот вебинар кој ќе се одржи на 5.11. во 15 часот.