

Марија Херцег, ИТ експертката на USAID BMAP, во четврток, на 19.10. го одржа вториот вебинар за дигитална безбедност на новинарите/ките. Низ четириесет минути таа подетално зборуваше за различните форми на дигитални напади, од ransomware, фишинг, па сé до покомплексните методи на напади.
Дигиталната безбедност на медиумските редакции, но и на новинарите/ките е од исклучителна важност. Пандемијата со корона вирусот итекако ја искористиле различни сајбер криминалци, а медиумските редакции не биле исклучок. Поради тоа важноста на дигиталната заштита и познавањето на начините на напади во онлајн сферата се од исклучителна важност. Свесноста за постоење на ризици и познавање на начините за заштита значат побезбедно и позаштитено занимавање со новинарството.
Марија детално се осврна и врз SAFETAG методологијата, како одлична и сеопфатна метода на мерки кои е потребно да се преземат за редакциите колку што е можно подобро да се заштитат.
Слушнете го целиот вебинар: